КОНТРОВЕРЗНО ВИДЕО: „Жените самите се виновни ако некој ги силува“

Унгарската полиција објави видео за да ги едуцира учениците, со цел да се намали и спречи насилството. Сѐ ќе беше во ред, доколку видеото не содржеше порака дека жените сами се виновни доколку станат жртви на силување.Видеото прикажува неколку млади жени кои се подготвуваат за излегување и одат во клуб за да се забавуваат, пренесе The Guardian.
На крајот, една од нив била силувана.
Додека лежи, се појавува пораката:
„Ти можеш да преземеш нешто по ова прашање. Ти можеш да направиш нешто против ова“.
Ева Церхати, од здружението „Жените на Унгарија-обединети против насилството“, изјави дека овој филм, сугерира дека жените не би требало да пијат или да се забавуваат на начин кој не е прифатлив за мажите, бидејќи таквото однесување всушност провоцира. Таа додаде дека филмот дава погрешна слика за тоа дека типичен силувач е непознат маж во мракот, кога во многубројни случаи тоа може да го направи некој кој ѝ е познат на жртвата.
Погледнете го видеото:Видеото прикажува неколку млади жени кои се подготвуваат за излегување и одат во клуб за да се забавуваат, пренесе

Пронајдете не на следниве мрежи: