Конвои на државноста низ цела Македонија за алармирање на сериозноста на ситуацијата

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска организираше автомобилско дефиле. Голем број автомобили накитени со македонски знамиња тргнаа од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош и од спортската сала „Јане Сандански“ во Аеродром и се упатија кон Собранието на Република Македонија, како крајна дестинација.Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред Собранието на Република Македонија изјави дека веќе 41 ден се на улиците и најави оти следуваат многу важни три дена од следната недела.
– Она што се обидоа да го направат во четвртокот, да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа и веднаш потоа да преминат на избор на влада, ќе се обидат сосема сигурно во еден од овие три дена пред Велигден да го направат. Тоа не смееме да им го дозволиме и нема да го дозволиме. Ќе бидеме будни, ќе следиме се што се случува, ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда, истакна Илиевски.
Тој апелираше да не се обидуваат да сторат такво нешто.
– Возевме денеска за да ги потсетиме граѓаните будно да внимаваат што ќе се случува. Следуваат многу важни три дена на почетокот на идната недела. Тиранската платформа беше презентирана на Божик намерно за да не предизвика големи реакции бидејќи за празник секој си има други приоритети. Истото ќе се обидат да го направат пред Велигден, а овој пат нема да помине без реакција, истакна Илиевски. Апелираше сите да се мобилизираат овие три дена и да бидат масовно пред Собранието.
Освен во Скопје дефилеа денеска се одржаа и во:
ОХРИД, ШТИП, КИЧЕВО, КРИВА ПАЛАНКА, БИТОЛА, ПРИЛЕП, ГЕВГЕЛИЈА, РЕСЕНБогдан Илиевски од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред Собранието на Република Македонија изјави дека веќе 41 ден се

Пронајдете не на следниве мрежи: