Координативна средба за активности во зимски услови

Градоначалникот Тони Трајковски денес (04.01.2017 година), одржа координативна средба со дел од општинската администрација, задолжена за зимското одржување, со секретарите на урбаните и месните заедници, со претставници од ЈКП Гази Баба, Дирекција за заштита и спасување и ОО на Црвениот крст, за активности во случај на поголеми врнежи од снег и ниски температури. 
На средбата се донесоа следните,
З А К Л У Ч О Ц И
1. Жителите од општина Гази Баба за комуникација и доставување на информации во врска со поларното невреме кое е најавено и зимското одржување, можат да се јават на секретарите на урбаните и месните заедници и на бесплатниот терлерфонски број 195
–              УЗ Железара – Тони Пешевски ‎076474257
–              УЗ Автокоманда и УЗ Керамидница – Александар Шенков ‎070234468
–              УЗ  Триангла и УЗ „Јане Сандански“ – Свето Нешовски ‎072206445
–              УЗ Маџари 1 и УЗ „Кирил Петрушевски“, УЗ Хиподром, УЗ Инџиково и УЗ „Питу Гули“ – Јовица Стојановски ‎072206635
–              УЗ Маџари 2 и УЗ „Крсте Мисирков“ – Надежда Киркова ‎070790137
–              За реонот од Ергеле до Дрма – Ласте Стојановски ‎070257627
–              МЗ „Алија Авдовиќ“ – Зурап Муртезани ‎070595159
–              За реонот од Стајковци до Раштак – Тони Бојковски  ‎070262743
2. Согласно приоритетот и важноста на улиците, општина Гази Баба направи план за динамиката на нивно расчистување
3. Назначени се лица од општината за координација со ЕВН, во случај на прекин на електрична енергија
Во случај на повеќедневен прекин на електрична енергија, обезбедени се 5 агрегати со моќност од 5 кв.
4. Општина Гази Баба за зимското одржување има ангажирано две фирми – Река Интернационал и Билд Инг, кои располагаат со 5 возила кои се специјализирани за зимско одржување, од кои 4 се опремени со плуг и соларка – едно возило со капацитет од 2,5 м3 бункер, специјализирано за планинскиот дел и 3 возила со капацитет од 5 м3 и обезбедено 200 т сол и ризла.
5. Направен е план, при поголеми врнежи од снег, да се вклучи дополнителна градежна механизација од други фирми со вкупно 3 комбинирани скип машини, а по потреба и обезбедување на дополнителни количини на песок.
6. Се задолжува ЈКП Гази Баба да направи распоред на работниците за расчистување на приодите до градинките, амбулантите, автобуските постојки, пошти, банки и друго.
7. Направена е координација со ОО на Црвениот крст Гази Баба за згрижување на бездомниците и посета на старите и изнемоштени лица во домашни услови.
8. Согласно Законот за јавна чистота, се укажува на сите правни и физички лица за обврската за расчистување на пристапните патеки пред објектите, во спротивно ќе интервенираат инспекциските служби од општината 
На средбата се донесоа следните,
З А К Л У Ч О Ц И
1. Жителите од општина Гази Баба

Пронајдете не на следниве мрежи: