Копривата – лек за сите болки!

Вкусот потсетува на спанаќ, но содржи 5 пати повеќе калциум и 6 пати повеќе витамин Ц, а значителна количина на хлорофил помага во обновување на клетките и влијае на подолго задржување на кислород во мозокот. Копривата е лек за чистење на крвта и против слабокрвноста, лек против опаѓањето на коса, за ревматизам и заболувања на зглобовите, чир на желудникот, несоница, нервоза и други болести.
Ова растение е распространето и расте на напуштени места, покрај ограда, патишта и многу е важно како се собира. Во пролет се собираат лисјата и врвовите, а комплетната билка во текот на целата година. Единствено семето се собира исклучиво во август.
Ова е важно да се знае поради справувањето со лековите
Копривата се смета за многу важно и корисно растение поради витаминските и прехранбените вредности. Содржи многу белковини, јаглехидрати, масти, калциум, фосфор, магнезиум, витамини Ц, А, Б2, Б5, К, каротин, лецитин, танин и др.

Нејзиното семе има арома на јаткасти плодови и растението станува поинтезивно кога семките ќе се испржат. Листовите на копривата најдобро е да се подготвуваа како спанаќ, а сушените листови се користат како зачин или за подготовка на чај.
Ако пред подготовката на одредено јадење, собраните врвови од копривата ги прелиете со врела вода, тие ќе станат потполно безопасни за рацете и желудникот.
Поради исклучително добриот квалитет, виенскиот лекар Банкхофер препорачува супа од коприви и чај од коприви.
Според неговите зборови, листовите може да се додадат во супа или салата, заедно со другите билки, но претходно да се прелијат со врела вода. Можат да се подготват и како листови спанаќ. Така подготвени, листовите од коприва се одлични за заболените од камен во бубрег.

Чајот од коприва се подготвува од целата билка. Во два литри вода се ставаат 3 супени лажици исецкани коприви и тоа треба да отстои 10 до 12 часа. После ова, смесата се готви пола час (затворена). Кога ќе се излади, исцедете и пијте, 3 пати дневно, пред секој оброк по еден часа. Овој лек ја одделува слузта од белите дробови, ги чисти цревата, црниот дроб и желудникот.
Чорба од коприви
Состојки: Пола килограм млади коприви, по две лажици масло и овесни снегулки, лажица брашно, децилитар павлака или млеко, чешне бел лук, сол, бибер.
Подготовка: Измијте ја копривата, внесете ја во тенџере вода, која врие и гответе. Потоа исцедете и исецкајте како спанаќ. Направете лесна запршка од масло, брашно и чешне бел лук, додајте исецкана коприва, измешајте, па додајте прво ладна, а потоа и топла вода.
Оставете да се готви извесно време, а потоа додајте овесни снегулки. Измешајте, пуштете да се доврие и тргнете ја од оган. По желба ставете сол и бибер, а потоа кисела павлака или малку млеко.  Копривата е лек за чистење на крвта и против слабокрвноста, лек против опаѓањето на коса, за ревматизам и заболувања на зглобовите, чир на желудник

Пронајдете не на следниве мрежи: