Копров: Јоксимовиќ нема капацитет да напише песна за Даниел

Откако целиот Балкан падна на гласот на скромното момче од Струга кој живее во Виена, на инцијатива на весникот Вест, Копров раскажува за почетоците на Даниел на „Охрид фест”….Познатиот композитор Григор Копров е еден од првите соработници на Даниел Кајмакоски, македонскиот фаворит во регионалното издание на натпреварот X Factor. Откако целиот Балкан падна на гласот на скромното момче од Струга кој живее во Виена, на инцијатива на весникот Вест, Копров раскажува за почетоците на Даниел на „Охрид фест”.
Прочитајте што имаше да каже Копров за Даниел Кајмакоски:

 
„Даниел го знам многу години, за разлика од другите пејачи тој почна многу срамежливо. Последниот пат кога настапи на 'Охрид фест', со песната 'Моја принцезо', помина одлично. Веднаш се виде дека се работи за еден пејач од висока класа. Таа година во жирито на фестивалот беа хрватскиот продуцент, сега веќе покоен, Мато Дошен, текстописецот Марина Туцаковиќ, водителката од 'Пинк' и писателка Јелена Бачиќ – Алимпиќ. Сите го препознаа неговиот квалитет и му дадоа висока оценка за песната. Имав големи планови за него, а потоа настана пауза во нашата соработка поради некоја негова тогашна менаџерка со која што не успеав да се договорам. Нашата соработка продолжи на ланскиот Скопски фестивал, не знам дали забележавте, но тој ги пееше придружните вокали на мојата песна на Мики-Јовановски- Џафер, 'Разбуди се'. Добро е што се пријави на шоу како “X Factor”, јас му посакувам многу успех, има многу публика која заслужено го поддржува и нека смета на мојата поддршка. Тој дефинитивно е најдобар од сите кандидати таму. Но, сум велел, и секогаш велам дека песната го прави пејачот. Вистинското време на Даниел ќе дојде кога ќе треба да се покаже со своја песна, со свој идентитет. Му посакувам да победи и да потпише договор со продукцијата на шоуто. Сепак, тврдам дека сите во жирито, вклучувајќи го и Жељко Јоксимовиќ немаат капацитет да напишат песна во стил кој одговара на неговиот глас. Ако не потпише договор, јас имам идеа за негов пробив и афирмација на Балканот” – изјави Григор Копров за Вест.Познатиот композитор Григор Копров е еден од првите соработници на Даниел Кајмакоски, македонскиот фаворит во регионалното издание на натпреварот X

Пронајдете не на следниве мрежи: