Тоа што опозицијата ги уништува работите што им се драги на Македонците е болно за гледање, вели во ексклузивно видео интервју за Нетпрес рускиот новинар и аналитичар Андреј Корибко.Изразувајќи воодушевување од новиот лик на македонската престолнина, Корибко вели дека фактот што т.н. опозиција си ја напаѓа сопствената историја треба да го вклучи алармот меѓу Македонците дека нешто сериозно не е во ред и дека ова всушност и не е опозиција. Корибко оценува дека мисијата на Западот за уривање на демократски избраната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со неуспех, како и тоа дека Западот се бори против лидерот Никола Груевски со истите тактики и шаблони со кои што го напаѓаат и рускиот претседател Владимир Путин.
Нетпрес: Андреј Корибко, добредојде во македонскиот главен град Скопје. Овде си неколку денови, сигурна сум дека имаше шанса да разгледаш наоколу, па кажи ни што мислиш за новото лице на градот направено во рамките на проектот Скопје 2014 та, што претставува еден од клучните проекти на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ?
– Мислам дека градот е прекрасен, овој клучен проект претставува голем успех. За мене како турист и некој што сака историја, овде насекаде има историја. Ова е како еден голем отворен музеј. Марија, јас доаѓам од Москва, каде што метрото го нарекуваат голем подземен музеј, имаме статуи, мозаици и историски обележја насекаде низ градот. И овде изгледа како еден голем надземен отворен музеј. Каде и да одам гледам статуи, обележја, споменици, не ги знам сите се уште но ги фотографирам, па ќе ги разгледам кога ќе одам во Москва. Ги обожавам, мислам дека се прекрасни. Бев и на тврдината Кале, прекрасно беше и има одличен поглед и доста историја, бев и во чаршијата, ги разгледав обележјата покрај реката и минав по прекрасните мостови што ги имате, а подоцна ќе ги посетам и музеите. Но она што навистина паѓа во очите е бојата која што не може да ја избегнете. Знаете, секој може да мисли што сака за Владата, но кога почнувате да ја напаѓате својата историја, кога го напаѓате јавниот простор, кога го кршите законот и ги боите статуите посветени на македонските бегалци што ја напуштиле Егејска Македонија, тогаш ова се луѓе кои што се обидуваат да ја уништат својата историја и ова треба да го вклучи алармот во секој македонски ум, дека нешто сериозно не е во ред. Ова не е вистинска опозиција. Во ниедна демократија ниту една опозицијата не се однесува вака. Ова е ужасно, го гледам и се велам ова е многу тажно. Но, забележав дека Македонците се многу мирни и спокојни луѓе и не може да бидат испровоцирани на насилство. Ова пасивно- агресивно однесување на т.н. опозиција и Зоран Заев е со цел да предизвика насилство. Напаѓањето на историските споменици и непочитувањето и дискредитирањето на работите што им се драги на Македонците, дури и за мене како турист што сака историја, е болно да се гледа. Но, ова покажува кои им се мотивите, кој точно стои што зад нив и зошто се толку очајни да го прават ова. И си мислам Марија, дека тие се толку очајни и го прават ова, затоа што тие не можат да победат на избори, тие не сакаат избори и постојано бараат одложување. Најпрвин сакаа предвремени избори, но кога сфатија дека не може да победат бидејќи имаат три пати помала поддршка од ВМРО, побараа одложување и тргнаа против сопствената спогодба за која што правеа притисок да се донесе. Овие луѓе не сакаат да запрат, а и тие што стојат зад нив не сакаат да сопрат, па следниот чекор е интензивирање како напаѓање на споменици и такви работи. Ми пречи што го гледам ова, но истовремено сум полн со надеж. Овде сум неколку денови и верувам дека се ќе биде во ред, со Божја волја. Се сретнав со тебе и други Македонци, но сретнав и продавачи на сувенири и келнери во кафеаните и сите сте толку мирни и спокојни, што мислам дека вие сте нај мирниот и најспокоен народ на Балканот. Сакате да ве остават на мира да си ја терате работата, соседите да не ви пречат, да немате надворешни заговори против вас. Македонците едноставно сакаат да бидат Македонци во Република Македонија, а т.н. опозиција сака да го сопре тоа.
Нетпрес: Утрото на 24 јуни се разбудивме во доста различна реалност, се разбудивме во свет во кој што Британија веќе нема да биде дел од Европската Унија и според многумина, распаѓањето на ЕУ е сега само прашање на време. Интересно е како вестите за БРЕГЗИТОТ предизвикаа депресија меѓу петтата колона во Македонија, претставена главно од опозицијата и соросовите невладини организации. Како БРЕГЗИТОТ ќе влијае на состојбата во Македонија, каде што имаме западни елементи кои што се обидуваат да ја урнат демократски избраната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ?
– Мислам дека ќе има два ефекта. Едниот е во однос на Македонците, а другиот во однос на странските заговорници што се обидуваат да ја изведат оваа операција за промена на власта. Во однос на Македонците, мислам дека и за оние што наивно веруваа во доблестите на ЕУ и НАТО, тоа е сега завршено. Кој сака да се качи на бродот што тоне? Бродот што тоне се напушта, а не се качуваш на него за да потонеш. И во моментов навистина не постои причина, ако некогаш и постоела, за Република Македонија да сака да се приклучи на ЕУ. А и како што знаеме, за тоа да се случи најпрвин треба да се постигне согласност во ЕУ, а за тоа да се случи треба оваа т.н. опозиција поддржана од странците да биде донесена на власт.
Велика Британија, гледано историски, имала лоши политики, но тие се интелегентни и знаат кога нешто функционира, а кога пропаѓа. А тие гледаат дека ЕУ пропаѓа со миграцијата. Но поважно е тоа што таа е всушност диктатура, јас вообичаено не го користам тој збор, но ако видите што се случува, во суштина земјите членки го предадоа целиот суверенитет на Брисел, но станува и полошо. Марија, ова утро читав за новиот план на Германија и Франција за наводно реформирање на ЕУ, за практично да создадат ЕУ армија и во суштина да се ослободат од војските на сите земји. Во регионот како што е Балканот и со оглед на ситуацијата во Македонија, би било најлошо нешто за земјата да се откаже од својата војска сега, среде миграциска криза и со некои од соседите кои што се непријателски настроени, а бидејќи работите може да се менуваат во иднина, мора да бидете безбедни. Гледам што се случува и си велам дека просечниот Македонец заврши со ова. Тие гледаат што е ЕУ и дека единствената причина да се приклучите ќе биде за да ги дадете сите ресурси и раст на Брисел, или подобро кажано на Берлин. Како ова се поврзува со странските заговорници ? Како што знаеме САД, а особено британскиот амбасадор многу активно се вклучени во ова. Но, во моментов Велика Британија се соочува и со свој внатрешен процес на распаѓање. Шкотска и Северна Ирска зборуваат за потенцијално напуштање на Обединетото Кралство. Истовремено, и самата ЕУ се распаѓа. Ова покажува дека Обединетото Кралство во моментов има повaжни внатрешни работи од грижата за македонската внатрешна состојба. Тоа значи дека можеби ќе забават со дестабилизацијата, но големите бирократии како Велика Британија не секогаш реагираат разумно. Може да се случи британскиот амбасадор и луѓето што се зад него во британската Влада, да немаат ефект од БРЕГЗИТОТ и да продолжат да го прават ова што го прават. Тоа не значи дека ќе успеат, но малку би бил внимателен при претпоставката дека Велика Британија ќе запре само затоа што Велика Британија или самата ЕУ се распаѓаат. Ваквите големи бирократии вообичаено не престануваат се додека нивната мисија не успее или не се соочи со неуспех. Но таа се соочува со неуспех веќе цела година.
Она што сакам да кажам е дека гледавме што се случуваше последната година. Уште од почетокот кога почнав да пишувам за Република Македонија, гледав дека има притисок за да се менуваат изборните закони и за некаква транспарентност, но постои еден заклучок што секој објективен набљудувач ќе го потврди, а тоа е дека ВМРО е најчистата владејачка партија во цела Европа. Ниту една друга партија во Европа, ниту онаа на Меркел, а дефинитивно не и онаа на Оланд, ниту пак било која во Велика Британија на пример, никој не би дозволил да се прикажат сите информации за Владата и да немаат проблем со тоа. Вашата Влада е чиста. Мислам дека иронично, Велика Британија и САД мислеа дека ќе ја притиснат Владата и дека ќе прикажат некои тајни, некој валкан веш и ќе фрлат уште бомби, но излезе дека се чисти. Не кршат закони, не прекршуваат ништо. Всушност, како што можам да видам, оваа криза направи ВМРО да изгледаат дури и подобро. Тие се многу мирна партија, а не диктаторска која што ги напаѓа своите луѓе. Сите се смирени, немаат што да кријат, им ги отворија сите книги. Јас велам, дајте да ја видиме британската влада да ги отвори книгите, отворете ги вашите правила за гласање да ги видиме. Погледнете што се случи за време на гласањето за БРЕГЗИТ. На денот на гласањето, поддржувачите на БРЕГЗИТОТ упатија порака граѓаните да си донесат свои пенкала на гласањето, бидејќи на гласачките места имаа моливи и преостаната кампања можеше да ја доведат во ризик. Може да замислите вакво нешто примитивно да се случи во Македонија? Ќе направат меѓународна сензација од тоа. Јас велам отворете ги сите тешки прашања во Велика Британија, покажете го избирачкиот закон, покажете што се случува. Тие сакаа да го украдат тоа гласање, но не успеаја и тоа е добро за демократијата. Европа се обидува да се ослободи, луѓето не сакаат да ја поднесат оваа политички некоректна бесмислица. Гледаат што се случува, мигрантската криза се развива и има нови пристигнувања и кој ќе плати за тоа ? Велика Британија нема да плаќа за мигрантите да одат во Германија, а не треба ни Македонија да плаќа за тоа.
Нетпрес: Да позборуваме малку за западните мејнстрим медиуми и пропагандата што ја прават против владејачката ВМРО – ДПМНЕ а особено против лидерот Никола Груевски. Мора да споменеме дека овие медиуми најмногу доаѓаат од Германија, Британија и САД и верувам дека и вие во Русија имате сличен проблем, а особено претседателот Владимир Путин, кој што се соочува со оваа пропаганда со години. Може ли да направиме паралела меѓу пропагандната војна што се прави против македонското и руското водство ?
– Да, дефинитивно може да повлечеме паралели, затоа што ова е систематизиран и моделиран напад. Она што се прави против рускиот претседател и македонското лидерство се тактики и стратегии кои што доаѓаат од истата книга на правила. Доаѓаат од “Книгата за радикали” на Сол Алински. Јас сум овде неколку денови и ги прашував македонските пријатели за оваа книга и тие ми рекоа дека пред неколку години САД платиле за да се преведе книгата на Сол Алински, која што претставува документ за радикална левичарска револуционерна промена на власта од 70 тите години, на Македонски јазик. Не е коинциденција дека токму од таму овие демонстранти се организирани и тренирани. Од овде се индоктринираат. Исто и со книгата на Џин Шарп “Од диктатура до демократија”. Практично тоа се улични тактики за теренот со цел провоцирање на промена на власта. “Реалистични алтернативи” е уште една таква книга, како и 189 методи за ненасилен отпор. Овде и на терен гледаме многу слични модели, а и во однос на информационата војна. “Книгата за радикали” на Алински вели да се замрзне целта, а тоа значи да се согледа, да се намести и надвор од контекст да почне да се напаѓа преку сите тие различни групи на интерес. И тоа е она што сега се случува. Владата на Македонија и онаа на Руската федерација се напаѓаат од различни групи на интерес, различни невладини организации и меѓународно, од различни меѓународни групи. Некои групи велат Република Македонија е лоша со мигрантите. Но, не е така, секој земја мора да си го штити суверенитетот, да ги заштити своите граници и да си го заштити народот. Само затоа што САД дозволуваат милиони Мексиканци да им ја минуваат границата, не значи дека и Македонија треба да го стори ова. САД го прават тоа поради бројни причини како евтина работна сила и обид за доближување до Мексико.
Видете ја ова информациона војна против претседателот Путин. Многу, многу е слична. Може дури и да кажеме дека САД сега се обидува да ги нападне сите овие отпорни и независни лидери низ светот, во Европа, Азија и Африка. Ги користат истите тактиките што ги користат против Путин, истите шеми. Зошто? Дали овие лидери се како Путин ? Во одредена смисла да. Во смисла на тоа дека тие ја сакаат својата земја, тие се патриоти, а не националисти, тие го поддржуваат својот народ, ги поддржуваат своите општества и цивилизации. Имате мултимилениумска цивилизација и секако дека треба да се заштити. И тие се опираат на Новиот светски поредок предводен од Западот, создаден од различни економски блокови и финансиски блокови, што се преклопуваат со гео-стратегиски блокови, како проектот ЕУ, разни проекти во Азија и секако НАТО. Го гледав премиерот Груевски колку беше силен кога го одби овој напад. Го гледам и претседателот Иванов кој што пред неколку недели кажа дека беше во тешка позиција и дека мораше да го стори тоа што го стори со аболицијата, за да избегне граѓански судири. Mногу мудро, многу мудро. Ова се лидери кои што се грижат за земјата и нема да ја распродадат земјата. И затоа нема да распоредат војска по улиците. Затоа што не сакаат да го нарушат општеството и животот. Тие сакаат луѓето да продолжат со своите животи како ништо да не се случува. Овие демонстранти, јас не ги нарекувам протестанти веќе Марија, затоа што тие протестираат за нешто, а овие досега се преправаа дека протестираат за предвремени избори, кои што всушност не ги сакаат. Значи тие не протестираат, туку демонстрираат затоа што се обидуваат да иницираат конфликт и промена на власта без да победат на избори. Во секоја демократија мора да имате избори. А тие не сакаат избори затоа што ќе загубат и тоа не е демократија. Ова се луѓе со диктаторски ставови и не е коинциденција тоа што овие луѓе кои што не сакаат избори, се поддржани од ЕУ која што исто така не сака избори.
Овие отпорни и пркосни лидери кои што застанаа против светскиот поредок воден од Западот, тие се тие што се напаѓаат, се напаѓаат со истите книги и истите обрасци со кои што се напаѓа и претседателот Путин. Но, претседателот Путин е успешен и ќе продолжи да биде успешен со Божја волја. За Република Македонија, Марија, сега откако бев овде, уверен сум дека се ќе биде во ред, работите ќе бидат во ред. Единственото прашање е дали САД сакаат да иницираат насилство од висок степен? Се надевам не. Но, во моментов сметам дека се ќе биде во ред.
Преземено од НетпрессИзразувајќи воодушевување од новиот лик на македонската престолнина, Корибко вели дека фактот што т.н. опозиција си ја напаѓа сопствената историја