Корисна употреба на морската сол

Морската сол има навистина зачудувачко дејство врз нашата кожа и благодарение на неа ќе изгледаме помладо и посвежо. Жените често трошат големи суми на пари за скапи маски за лице, но всушност она што најмногу ќе ви помогне нема да ве чини ништо.Маска за лице
Солта и медот имаат противвоспалително дејство и ги смируваат иритациите на кожата. Тие и помагаат на кожата да го одржи потребното ниво на маснотии и хидрираност.
Измешајте 2 кафени лажички морска сол (ситно измелена) и 4 кафени лажички мед и мешајте додека да добиете хомогена смеса. На овој начин подготвената маска нанесете ја на лицето (кожата на лицето треба да биде чиста и сува), но избегнувајте го делот околу очите. Маската држете ја 15 минути и исплакнете ја со млака вода.
Пилинг за подмладување
Измешајте ½ чаша морска сол, ¼ чаша сок од алое вера и ¼ чаша масло во избор (на пример маслиново) и 10 капки масло од лаванда. Оваа смеса користете ја како пилинг.
Пилинг за тело
Морската сол одлично ги отстранува мртвите клетки од кожата, а содржи и минерали кои во ист момент ја хидрираат.
Измешајте ¼ чаша морска сол и ½ чаша маслиново масло и добро промешајте ги. Можете да додадете и 10 капки етерично масло по желба. За време на туширањето, со кружни движења истријте ја кожата со оваа смеса, а потоа добро измијте.Маска за лице
Солта и медот имаат противвоспалително дејство и ги смируваат иритациите на кожата. Тие и помагаат на кожата

Пронајдете не на следниве мрежи: