Корисни совети за трудниците, за справување со топлите денови!

Бремените жени се соочуваат со големи тешкотии за време на летните топли месеци. Тешки нозе, отечени стапала и вртоглавица, се само некои од типичните летни тегоби. Следуваат осум совети како да се справите со нив.1. Пијте многу течности
Надобар начин за намалување на отоците на рацете и нозете е зголемување на количината на течности. Веднаш по станувањето на празен стомак треба да се испие една чаша вода, а во текот на денот намалку два литра. Покрај водата пијте и природни сокови, затоа што ја намалуваат жедта, полни се со витамини и ја стимулираат микроциркулацијата.
2. Пливање
Не е важно дали ќе пливате во море или во базен, важно е да се освежите, ќе се ослободите од чувството на тежина во нозете и болките во грбот. Додека пливате водата го масира телото, ја поттикнува циркулацијата и го регулира дишењето. Секако не смее да се претерува со пливање, ниту со времето поминато во вода, но 50 метри лесно пливање нема да ви пречи.
3. Многу спиење
Одморот му е потребен секому, особено на  бремените жени. Ако не успеете во текот на ноќта да отспиете најмалку осум часа, тогаш тоа надополнете го во текот на денот.
4. Шетање
Релаксирачката прошетка е препорачана, но само во раните утрински часови и во предвечерието. Во текот на денот кога сончевите зраци се силни бремените жени не би требало да се изложуваат на сонце.

5. Одмарање на нозете
Неколку пати дневно направете го следното: легнете на под, нозете подигнете ги на ѕид. По пет минути ќе почуствувате  како „тежината“ во нозете исчезнува.
6. Носете памучна долна облека
Кога надвор е топло, потењето во подрачјето на гениталиите се зголемува, па доаѓа до појави како чешање,  зголемен вагинален секрет и пецкање. Задолжително носете долна облека од чист памук, затоа што тој пропушта воздух и ја упива потта. Мокрите костими за капење веднаш да се соблечат и да се облечат суви.
7. Внимавајте на исхраната
За толите денови се препорачува лесна хана и што повеќе вода и овошје. Тоа за бремените жени е задолжително, како и правилото дека треба да јадат малку, но често.
8. Натопете ги стапалата
Доколку навечер стапалата ви се отечени и болни, подгответе бања – во студена вода ставете една до две лажици морска сол, малку рузмарин и неколку капки екстракт од див костен, а потоа држете ги нозете во водата неколку минути.1. Пијте многу течности
Надобар начин за намалување на отоците на рацете и нозете е зголемување на количината на течн

Пронајдете не на следниве мрежи: