Кога ќе влезете во тоалет на работа или некаде во јавност, имате избор да ги избришете рацете со хартија или да ги ставите под апаратот со сушење на раце. Едно ново британско истражување покажа дека хартијата би можела да биде подобра опција од тоа…Апаратот за сушење раце одлично си ја завршува работата – топлиот воздух дува на мокрите раце и ги суши. Но, она што не го знаете е дека со тоа, бактериите од рацете одат во воздухот.
Британско истражување покажа дека бактериите кои се пренесуваат преку воздухот ги има 4-5 пати повеќе околу апаратот за раце, отколку на хартијата за бришење. Во случајот на појаките модели, бактериите биле побројни за неверојатни 27 пати!
Професор по медицинска микробиологија на Универзитетот во Лидс, вели дека сушачите за раце одлично си ја завршуваат работата бидејќи дуваат воздух со брзина од околу 644 километри на час, но исто така, тоа значи дека сите бактерии на рацете ќе бидат однесени на далеку поголема оддалеченост и многу подолго ќе се задржат во воздухот.
За потребите на истражувањето, научниците на учесниците им ставиле безопасна бактерија Lactobacilis, па го мереле нејзиното количество во воздухот на оддалеченост од два метри од апаратот. Професорот Вилкокс наведува дека нема никакви докази дека бактериите кои инаку се собираат околу апаратот за сушење предизвикуваат болест, но истражувањето покажа дека тоа лесно би можело да се случи.
Претходно истражување на иста тема, во 2012 година покажа дека хартијата за бришење на рацете е далеку подобра опција и дека би требало да се употребува на места во кои хигиената е од голема важност.
Она што создава сомневање за веродостојноста на истражувањето на Вилкокс, е фактот дека е нарачано од компанија која произведува хартија за бришење на рацете. Но, Марк Вилкокс тврди дека изворот на финансии не влијаел врз резултатите од истражувањето.Апаратот за сушење раце одлично си ја завршува работата – топлиот воздух дува на мокрите раце и ги суши. Но, она што не го знаете е дека со т



