#КоритариРекетари
или Високоплатената цена на FairPlay-отДа се пишува денес за и во врска со вештачки (однадвор) генерираната криза која од пред речиси две години ја “зафати” Македонија е можеби безполезно и јалово , со оглед на фактот што во меѓувреме маските на церемонијал мајсторите одамна паднаа, и што поголемиот дел од предвидената драмска нарација е веќе разобличена и разголена, во целиот свој Deja Vu петпарачки сјај.
Па сепак, тоа што е иритирачко денес не е хипокризијата (двојниот аршин) на меѓународната заедница, ниту пак мобилизацијата на сето анти-македонско во и надвор од државата, ниту реинканирањето на УДБА кадрите и нивните методи во функција на Сорос и ниту слепилото и деструкцијата на самопрогласената Левица. Иритира настојчивоста. Иритира инсистирањето на ефтиното сценарио кое е веќе прочитано од секој разумен човек во државата и надвор од неа. Ги иритира сите оние кои беа сведоци и жртви на #SorosPuppets лумперајот од 2000г, како и тогаш подведените, а подоцна (пред се) поради Охридскиот Договор разочарани граѓани.
Со други зборови, апсолутно на сите Македонски граѓани (сведоци и потомци) им е кристално јасно што се случува во Македонија со исклучок на инволвираните во Deja Vu ефтината агенда или т.н. “македонската” петта колона.
А која е всушност петтата колона и кои и какви се нејзините мотиви за рушењето на еден систем кој (според интернационалните параметри) успешно економски се развива и кој реално ги практикува најголемите демократски права во однос на (верската, национална, итн.) различност во глобални рамки?
Дали се тоа можеби над 80-те Соросови Невладини Организации?
На ова прашање многумина потврдно би одговориле.
Но, не се.
Соросовите НВО-а никогаш и не биле дел од Македонскиот систем, за да бидат авто-деструктивни кон истиот. Тие отсекогаш биле платеници на надворешни фактори , и иако истите ги водат луѓе со македонски државјанства, таквите ниту сега а ниту било кога имале Македоско национално чувство и припадност кон Македонската нација. Поголемиот дел од нив запрашани за националното чувство би се определиле како добри световјани, европјани, југословени, но никогаш и никако Македонци.
Нивната вина (која произлегува од безличниот им карактер) е што уживајќи ги благодетите на демократските придобивки во Македонија си дозволуваат јавно да ги рушат истите т.е. да го рушат оној кој им го овозможил правото на слободно дејствување/делување. Многумина би рекле хипокризија, но пак, а што друго и би можело да се очекува од јавно прокламирани и пред се асоцијални системски одпадоци.
Кеде е тогаш петтата колона?
Петтата колона е или внатре во системот или однадвор максимално се ползува од истиот или пак е сублимат од двете претходни.
Петтата колона се креатури во дел од јавната администрација т.е. коритото, како и креатурите кои инсистираат на признавање на (од минатото) “општествено-заслужените” пророгативи околу коритото.
Петтата колона (коритарот) во јавната администрација (благодарение на многуте покачувања на платата) оди во костум и штикли на работа, но во чантата носи патики и тренерки за да по работното време го фарба градот. Таа ги чека “нашите” да дојдат на власт за да и дадат повисока функција. За неа е најприродно да е државно запослена, и единственото кое и пречи е тоа што не напредува така како што замислила. И затоа фарба. Петтата колона (коритарот) во јавната администрација ниту има капацитет да го согледа/прочита сценариото од кое самата е дел, и ниту реално ја интересира каков и да е подолгорочен импакт или поширока слика од таа на канцеларијата еден спрат над неа.
Што ќе ми дадеш за да не фарбам ?
Тоа е суштината на нејзиното политичко делување и тоа е тоа што истата ја дефинира како РЕКЕТАР, а не како слободар како што таа самата милува да се претставува себе си.
Општествено – заслужниот пророгативен Коритар за разлика од претходниот има неколку фирми и пар здруженија и не треба да ги крие патиките/тренерките во чантата/ранецот. Тој е јавен.
На него по дифолт му се признати “заслугите” од минатото и државата е ДОЛЖНА да му дава. Тој го апстрахира фактот дека неговите вредности и во минатото (кое впрочем е минато затоа што почивало на квази ведности) биле последната дупка на шупелката и дека тој никогаш и никаде не бил реално признаен. Во името на таа квази перцепција тој ја молзе, поточно рекетира државата повеќе од 20 г без да испорача каков и да е реален резултат. Тој фарба јавно. Тој фарба за да ги покрие веќе изрекетираните (и проневерени) пари од “режимот”. Тој фарба надевајќи се дека ќе дојдат “нашите” кои нема да го чепкаат.
За жал во Македонија (а со помош на “непристрасната” меѓународна #SorosPuppets заедница) постои и сублимат од горепосочените две форми на #КоритариРекетари.
Името на тој платен од народот (коритар), а “државен” рекетар е СЈО (Специјално Јавно Обвинителство).
Не навлегувајќи во мотивите на предлагачот (меѓународната заедница) зошто за де-корумпирање на судскиот систем е избран човек кој 20 години го корумпирал истиот, а истовремено апстрахирајќи ги и резервите за (интелектуалниот/професионален) капацитетот на истиот, фрапирачки е безобразлукот од дрскоста од дејствијата на последноспомнатиот #КоритарРекетар.
Најновиот малициозен напад околу инвестицијата во Музејот на ВМРО од страна на Министерството за Култура на РМ, а во предвечерието на националното чествување на Денот на ВМРО 23.10.1893.г, само ја потврдува тенденциозноста на оваа #КоритарРекетар “институција”.
Имено, необјасниво е зошто СЈО се реши за токму ваков пристап (Музеј на ВМРО), имајќи предвид дека се општо познати криминалите на “Шарените” филмаџии кои користејќи го FairPlay пристапот на државата кон нив успеаа да проневерат приближно 12.000.000 евра без каква и да е отчетност/одговорност.
И моето прашање до СЈО е дали меѓу Третотo и четврто полувреме додека Скопје се Ослободуе од финансиски криминали, а Балакнот кој не е мртов и е веќе ослободен, ќе најде соодветно време и желба да провери каде заминаа во неповрат овие (безмалку 12.000.000 евра) народни пари?
Во случај на покренување на едно вакво дело, од страна на СЈО а со оглед на цврстите врски со меѓународната заедница и нејзина подршка убеден сум дека многу подетално обвинение и поиздржани докази би биле обезбедени од Санта Барбара (САД), Хрватска, Србија и пошироко.
Доколку СЈО некогаш покрене ваква или слична истрага/обвинение истата би можела да се вика Тафтабит.
Автор: м-р Владимир КрстевскиДа се пишува денес за и во вр