Ова се најчестите заблуди за коронавирусот!

Ви ги претставуваме некои од најчестите дезинформации кои се шират за овој вирус кој моментално “владее“ со светот.
Досега од коронавирусот починале 305 луѓе ширум светот, а за жал истиот пристигна и во Европа.
Светската здравствена организација објавила и објаснила за најголемите митови за овој вирус.
Можат ли домашните миленици да го пренесат?
Моментално не е забележан случај дека домашните миленичиња, како што се куче или маче, можат да бидат заразени од коронавирус. Сепак, секогаш е добро дури и препорачливо, да ги измиете рацете со сапун и вода по контакт со нив. Тоа секако дека ве штити од бактерии како што се ешерихија коли и салмонела.


Дали коронавирусот ги заразува само старите луѓе или пак и младите се во опасност?
Сите можеме да бидем заразени, без оглед на годините кои ги имаме. Постарите луѓе се почувствителна група затоа што здравјето воглавно им е нарушено (на пример, астма, дијабетес, срцеви проблеми) затоа што вирусот напредува брзо кај луѓето со послаб имунитет. Светската здравствена организација советува сите луѓе да се заштитат од вирусот, често да ги мијат рацете, а доколку ситуацијата стане алармантна тогаш треба да носите маски.
Дали антибиотиците делуваат во спречување на вирусот и лечење?
Не, антибиотиците не делуваат против вирусот, туку само против бактериите. Новиот коронавирус е сепак вирус и покрај тоа антибиотиците не смеат да се користат како средство за превенција или пак лечење. Меѓутоа, доколку сте хоспитализирани поради истата можеби ќе добиете антибиотици затоа што е можна и бактериска инфекција. Тоа секако дека го одредуваат докторите по направена детална анализа.
Постојат одредени лекови за спречување или лечење на коронавирусот?
Моментално не се препорачува ниту еден посебен лек кој би го спречил вирусот или пак би ја излекол. Меѓутоа, заразените личности би треало да добијат терапија која би им одговарала, односно терапија за ублажување и лечење на симптомите.
Се за КОРОНА ВИРУСОТ прочитајте ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.