Коруптивен скандал во политичкиот врв во Чешка

Во политичкиот врв во Чешка владее вистински хаос откако во зградата на владата синоќа упаднале полицајци. 
Акцијата започнала само половина час по полноќ, кога завршила владината седниза. Меѓу уапсените е најблиската соработничка на чешкиот премиер, а тој е испрашуван од страна на полицијата. 
Во акцијата која продолжила и утринава учествувале 400 полицајци – уапсени се е и поранешниот шеф на пратеничката група на владејачката Граѓанска демократска партија, поранешниот министер за земјоделство, директорот на државните стокови резерви и поранешниот шеф на воената разузнавачка служба.
„Можам да кажам дека премиерот ноќеска го посетија двајца обвинители и шефот на одделението за борба против организираниот криминал“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Кубице.Аналитичарите оваа аксија ја коментираат како генерална чистка од корупцијата во политичкиот врв. Според нив се работи за организирана група која учествувала во повеќе коруптивни зделки. Прашањето кое засега останува неодговорено е дали со групата раководел еден кум. 
Според медиумите уапсените незаконски трошеле буџетски пари за јавни набавки .
 
Полицискта акација која беше спроведена во повеке чешки градови била подготвувана две години – од владата зсега не се огласија со коментар .Во политичкиот врв во Чешка владее вистински хаос откако во зградата на владата синоќа упаднале полицајци. 

Пронајдете не на следниве мрежи: