Околу 150 лица се повредени од метеорскиот дожд кој погоди делови од Русија и Казахстан. Според официјалните власти погодена е Челбјанската област во близина на регионот Урал во Русија.
Во најблиската болница медицинска помош побарале над 150 луѓе, а мобилизирани се околу 20 илјади лица. Предизвикана е голема материјална штета, а според информациите од руските медиуми човечки жртви нема.
“Денес рано изутринава, го почувствував ударот, а со голо око ја видов и линијата на небото која метеоридите ја оставаат во вид на опашка. Имаше многу светлина, а многу згради беа уништени. Метеорот леташе над Екатериненбург, па над Тумен, а потоа падна во близина на областа Челјабинск“, вели очевидец на настанот. Според NASA, има повеќе од 1.300 „потенцијално опасни астероиди“ чии орбити минуваат блиску до Земјата.
Погледнете го следново видео во кое жител на областа Свердловскаја го снимил паѓањето на метероитот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Околу 150 лица се повредени од метеорскиот дожд кој