На барање на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, косовската Агенција за менаџирање на природни катастрофи при Министертвото за внатрешни работи, испрати екипа да помогне во справување со последиците од поплавите, пренесува МИА.Генералниот директор на Агенцијата, Фадил Кодра на испраќањето ги даде последните упатства за правилата, процедурата и активностите кои ќе ги извршуваат во поддршката на граѓаните погодени од несреќата.
Според него, косовската екипа ја сочинуваат осум специјално обучени лица, три возила, две возила со пумпи за испумпување вода, четири пумпи од 800 со 1.500 литри и возило за логистичка поддршка.
Предвидено е екипата да остане во Македонија до 12 август и ќе биде ангажирана во испумпување вода од поплавените домови.
Веднаш по големото невреме, косовската Влада изрази длабоко сочувство и искажа подготвеност на му помогне на „својот сосед Република Македонија, во секој аспект за да ја надмине создадената состојбата“.Генералниот директор на Агенцијата, Фадил Кодра на испраќањето ги даде последните упатства за правилата, процедурата и активностите кои ќе ги изврш