Косово одбележува пет години од независноста

Во Косово во неделата се одбележува со бројни свечености петгодишнината од прогласувањето на независноста, која ја имаат признаено 98 држави но продолжува да бива оспорувана од Србија.
Претседателката на поранешната српска покраина Косово и Метохија сега Република Косово, Атифете Јахјага на свеченоста што се одржа во центарот на Приштина којашто беше проследена со парада организирана од страна на припадници на поранешниот Заштитен корпус на Косово, рече дека „Косово денеска ја имаа преземено судбината во свои раце.
Додаде дека Косово дава свој придонес за стабилноста во регионот и се стреми кон евро атлантските интеграции.
На свеченостите во Приштина присуствува и албанските претседател Бујар Ниѓани, како и голем број претставници на партиите на Албанците од Албанија, Македонија, Црна Гора и јужна Србија.
МакфаксВо Косово во неделата се одбележува со бројни свечености петгодишнината од прогласувањето на независноста

Пронајдете не на следниве мрежи: