Косовската полиција во акција на специјалните единици ги спречи демонстрантите во намерата да дојдат до владата и собранието за време на денешниот протест на опозицијата, предводена од движењето „Самоопределување“, која бара смена на министерот за враќање и заедници Александар Јаблановиќ.Демонстрантите извикуваа „Долу Јаблановиќ, долу Србија“, „Трепча не ја даваме“, „Трепча е наша“, откако Владата не го исполни улитиматумот од саботниот протест за смена на Јаблановиќ, јави Радио Слободна Европа.
Косовската полиција претходно постави заштитна ограда пред зградата на косовската Влада и Собрание, а околу кои беа распоредени специјални единици. Демонстрантите поставија 15-минутен ултиматум полицијата да ги отстрани барикадите, по што групата тргна кон полицијата, која одговори со употреба на солзавец.
На денешните протести не учествуваа организациите „Мајчин повик“ и „Здружение на воени ветерани“.
Демонстрантите, освен оставка на министерот Јаблановиќ бараат и комбинатот „Трепча“ да биде прогласен за јавно претпријатие.
Косовскиот премиер во понеделникот изјави дека правото на протест е демократско право на граѓаните, но го осуди вандализмот за време на саботните протести.
Незадоволството против министерот Јаблановиќ е поради неговата изјава во која ги нарекува „дивјаци“ демонстрантите што на Божик во Ѓаковица спречија да минат автобуси со раселени Срби. Министерот на вчерашната седница на Владата нагласи дека неговата изјава била погрешно разбрана, а претходно од мајките во Ѓаковица побара и јавно извинување.
Протестите во саботата ескалираа кога група демонстранти со камења ја нападнаа зградата на косовската Влада, по што полицијата интервенираше. Во судирите беа повредени 19 полицајци, четворица цивили, а приведени беа 22 демонстранти.
Случувањата во живо, можете да ги погледнете во следното видео:Демонстрантите извикуваа „Долу Јаблановиќ, долу Србија“, „Трепча не ја даваме“, „Трепча е наша“, откако Владата