Косовската забрана не е базирана на економска и правна оправданост, што дополнително се поткрепуваат тезите во сомнителноста на мотивите на косовската влада, поради кои македонско-косовската граница веќе трет ден е блокирана.Гласот на Америка на македонски јазик пишува дека косовската забрана е резултат на косовско-српска брашнарска спрега, која предизвикала голема нервоза на двете страни.
-Неофицијално може да се чуе дека навистина имало обид – дел од српското брашно за кое постоеше мерка – условен увоз во Македонија се` до 15 септември, и пред тој рок на „мала врата“ да се увезе преку Косово во Македонија, по што, српските бризнисмени останале без пари, а косовските препродавачи останале со непродадено брашно и со долг кон српските бизнис-партнери, што пак, предизвикало голема нервоза на двете страни, пишува Гласот на Америка.
За сомнителноста на косовските мотиви деновиве пишуваа и дел од македонските медиуми.
Порталот Нетпрес објави дека проблемот го предизвикале активностите на косовски шверцерско-криминални структури, односно, потенцираше еден косовски бизнисмен, со потекло од Македонија, кој наводно имал бизнис со трговија на пченица и брашно и кој „незадоволен од одлуката на македонската Влада за привремено стопирање на увозот на пченица, ги притиснал косовските власти да одговорат со контрамерки, а со цел да се присили македонската страна да ја повлече својата одлука“.
Покрај ова, економски и правно неоправданата косовска блокада се доведува и во корелација со претстојните избори на Косово. Ембаргото од Косово познавачите го толкуваат како начин преку кој тамошната влада се обидува да добие некој политички поен кај косовските граѓани.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска испрати писмо до заменик -премиерката на Косово и министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари во кое ја кани на телевизиски настап на кој ќе се соочат аргументите.Гласот на Америка на македонски јазик пишува дека косовската забрана е резултат на косовско-српска брашнарска спрега, која предизвикала голема нерв