Коста Петров, основачот и извршниот директор на македонскиот супербренд, Пи Ворлд, втора година по ред се најде на листата на 30-те највлијателни личности во индустријата за настани во Централна и Источна Европа, составена од престижниот магазин, Конгрес.„Ова е големо признание и за мене и за сите вработени во нашата компанија. Не е лесно да се гради глобален бренд од Македонија, но веќе четири години успешно го правиме тоа и навистина сме горди на сите наши достигнувања”, рече Коста Петров.
Македонската компанија за настани Пи Ворлд е основана во ноември, 2010-та година. Компанијата организира некои од најголемите светски бизнис настани во повеќе од 30 земји меѓу кои се и Катар, Египет, Мароко, Јордан, Турција, Азербејџан и Србија.„Ова е големо признание и за мене и за сите вработени во нашата компанија. Не е лесно да се гради глобален бренд од Македонија, но веќе четир