Костадин Керпичоски: СДСМ е партија која сака власт без избори, фер и демократски

Анализирајќи ги последните политички случувања во Македонија, изјавите на политичките лидери и медијаторите јасно е како ден дека СДСМ е партија чија крајна и единтвена цел е раздор на македонскиот народ и уништување на македонската држава.Ако добро ја анализирате изјавата на комесарот Хан после состанокот во Пржино ќе сватите дека само СДСМ не се согласува да учествува на фер и демократски избори со што ќе се стави точка на политичката криза креирана токму од нив.
Јас пак ја анализирав изјавата на Зоран и освен што сватив дека американецот свирнал па 90% е сигурно дека СДСМ ќе учествува на предвремените парламентарни избори од истата заклучив и дека СДСМ сака власт без избори.
Ова е еден голем парадокс и верувајте ова не е метафора туку ова е вистинската желба на СДСМ.
Еве незнам не верувам дека некаде во светот може да се дојде на власт без да се добие довербата на граѓаните во истатата таа држава.
Единствено врхушкта на СДСМ воведува нов правец во политиката во кој се владеее со еден народ без да се добие довербата од истиот тој народ, без план и програма, без проекти и со неработење.
Како очекуваме СДСМ да се согласи на избори се разбира фер и демократски кога самата таа нема ниту план ниту програма, поседува истрошени човечки ресурси, лажговци и преваранти и кога таа не е таа што одлучува.
Ние граѓаните, патриотите, членовите на ВМРО-ДПМЕ, а богами и мнозинството членови на СДСМ веќе знаеме за каква игра станува збор и несакаме да бидеме дел од неа.
Не, ние не сакаме да бидеме во коалиција, коалиција која ќе има за цел да ја избрише Македонија, да го закрви македонскиот народ и да го продаде она за што со години се бориме и се бореле нашите предци.
Неколку пати во моите колумни сум спомнал дека сакам конструктивна опозиција, моќна и силна опозиција со план и програма за подобро утре во Македонија,а не опозиција чија програма го носи слоганот:”Ќе ја вратиме власта, државното ќе стане приватно, а за името ќе разговараме откако ќе дојдеме на власт.”
СДСМ е вирус за кој вакцина е ВМРО-ДПМНЕ.
Македонците се патриоти, а не предавници.Ако добро ја анализирате изјавата на комесарот Хан после состанокот во Пржино ќе сватите дека само СДСМ не се согласува да учествува на фер и демок

Пронајдете не на следниве мрежи: