Не е далеку од вистината ако кажам и потврдам дека СДСМ е политичка партија која се служи со не фер и не политичка игра. Таа политичка партија на ниту едни избори во изминатиов период не излегла со план и програма како понуда за секој еден граѓанин со кој би се подобрил животот во Македонија ами само со внатрешен(внатре партиски) план за деградација на актуелната власт а со тоа и на Република Македонија.
Не ми е јасно како не сфаќаат дека со таа борба против политиката на актуелна власт нанесуваат штета на државата.
Тоа не е борба за власт и тоа не е политика тоа е план и програма за доаѓање на власт без избори па и по цена на државата и нанесување на штета на интегритетот на нашата Македонија.
Никој, буквално НИКОЈ нема да го оправда ова анти Македонско однесување на оваа политичка опција.
Сведоци сме сите ние што во минатото се правеше, какви каши, кавги и расправии се случуваа во собранието на Република Македонија, сведоци сме на насилство врз институциите и поединци и што ли уште не.
Денес за жал СДСМ го повторува тоа сценарио внатре во парламентот на една од комисиите каде верувале или не се расправа за формирање на факултет за Национална безбедност.
И сега да се биде против ваков факултет дали значи да се биде против Македонија, против чуварите на државата и против демократијата?!
И на крај замислете колку е дрско и не фер да излете на пресс конференција и да ја обвините владеачката партија за не фер однесување во Собранието.
Навистино дрско, без грам совест и без грижа, со не чист образ излегуваат на пресс конференција и повторно како и секогаш манипулираат!
Во безброј мои текстови сум апелирал дека на власт се доаѓа со план и програма за подобро утре на Македонија и Македонците и тоа програма ветена од луѓе со чист образ а не од аболицирани криминалци и луѓе кои се однесуваат премногу насилно во парламентот и тоа не го кријат и неможат да го сокријат од очите на јавноста!
Јас еве незнам дали навистина СДСМ како политичка партија мисли дека Македонскиот народ е слеп при очи па така ќе дозволиме да мине секоја нивна игра и ќе западнеме во каша која на нив им е добредојдена.
Јасно е како ден дека од првиот ден од како пратениците на СДСМ се во собранието па и претходно тие ја кочат работата на истата институција, како политичка опција ја уназадуваат Македонија и ја уништуваат со тоа што во очите на странците ја преставуваат во црно светло.
Да работис против Македонските интереси е злодело!
Неможам да поверувам дека веќе 10 години по ред СДСМ и нивните лидери немаат излезено со презентација на план и програма, на една реченица на било каков проект кој би се реализирал во иднина за подобра Македонија а сакаат да се на власт.
Кажете ми вие во која држава во светот се доаѓа на власт без избори и без довербата на народот?!
Врхушката сака да воведе нов правец во светската политика но тоа не им оди бидеќи тој правец не е промовиран од квалитетни политичари, т.е не е промовиран воопшто од политичар ами луѓе кои се болни за власт и материални нешта.
Во животот има многу поважни работи од парите и власта пропратно со моќта и тоа е мојата порака до сите нив!
Исто така ве убедувам дека државата нема цена и тоа не е само територија ами едно цело културно историско наслетство!
За жал, знам дека ова не допира во редовите на СДСМ но пак сум среќен што допира до повеќето Македонци и на они на кои политиката им е на последно место во животот.
Да се бориме за татковината а не за политичка власт во државата!Таа политичка партија на ниту едни избори во изминатиов период не излегла со план и програма како понуда за секој еден граѓанин со кој би се подобр