Имав можност со жителите на Таринци да продискутираме за се она што во минатото е реализирано од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од програмските активности во делот на инвестиција во земјоделството, рече Ванчо Костадиновски по вчерашната средба со граѓани во општина Карбинци.-Инвестирани се преку 8 милиони евра во областа на земјоделството во делот на исплата на субвенции. Инвестирани се значаен дел на средства преку 1 милион и 500 илјади евра во делот на изградба на руралната инфраструктура во општина Карбинци. Обезбедени се средства за многу капитални објекти од аспект на инвестиции во водостопанската инфраструктура и за сето она за кое што ние како претставници во власта од ВМРО-ДПМНЕ сме го ветиле и тоа се реализирало.
Она што е најважно, рече Костадиновски, и кое го истакнуваме на сите средби со граѓаните е дека ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме многу реална и обемна програма со точно дефинирани проекти, кои исто така се однесуваат и за општина Карбинци, како и за сите населени места во Македонија и нас ни треба поддршката од граѓаните на Македонија со најмалку 63 пратеници за да го реализираме сето она што го планираме.
-Јасно ни е дека на народот му е преку глава од кризата која ја предизвика СДСМ и дека конечно граѓаните ќе можат на 11 декември да ја поразат политиката на Заев кој ја предизвика оваа криза и влезе во пазарење со македонските национални интереси и предвиде двојазичност на цела територија и целосно редефинирање на уставна Македонија. Тоа е неприфатливо. Граѓаните знаат кој води подобра политика во економијата, кој се грижи за македонските национални интереси и која политичка гарнитура може да ги одведе во просперитет, додаде Костадиновски.-Инвестирани се преку 8 милиони евра во областа на земјоделството во делот на исплата на субвенции. Инвестирани се значаен дел на средства преку 1