Во струмичкиот регион денеска почна нов циклус на отворени денови со земјоделците, во рамки на кој претставници од Министерството за земјоделие, платежната агенција и инспекторататот ќе бидат присутни на терен и отворени за консултации со граѓаните за се што ги интересира.Во рамки на отворените денови, денеска во Струмица граѓаните имаа можност во подрачната единица на министерството за земјоделие да добијат одговор на своите прашања директно од заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски, директорката на платежната агенција и директорот на државниот инспекторат за земјоделие.
Отворени денови се активност плус за вниманието кое овие институции го посветуваат на земјоделецот. Како што информираше заменик министерот Костадиновски во изминатите 10 години само за земјоделците од струмичкиот регион се исплатени околу 40 милиони евра од буџетот на РМ, а од платежната агенција околу 25 милиони денари за инфраструктурни проекти за подобрување на стандардот на граѓаните.
-Уредени и изградени се паркови, патишта и домови, а на 691 лице им е исплатен надоместок до 51 милион и 250 илјади денари за настанатите штети во минатогодишните поплави, изјави Костадиновски.
Според директорката на агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој нивниот тим периодов ќе биде на терен и ќе биде подготвен да одговори на секое прашање на граѓаните за наредната 2017 година.
На денешната средба информираа дека се планирани уште многу нови мерки и проекти, кои веќе се влезени во програмата за рурален развој и се изгласани од владата на Македонија.Во рамки на отворените денови, денеска во Струмица граѓаните имаа можност во подрачната единица на министерството за земјоделие да добијат одговор