Градежништвото е во подем, но проблеми има во „Македонски железници“. Тие испратија ургентен допис до повеќе грчки институции, како и до евроамбасадорот во земјава Аиво Орав за итно разрешување на состојбата со блокадите во солунското пристаниште.Вагони од Македонски Железници-транспорт се заглавени на пристаништето. ТВ Нова разговараше со директорот на МЖ Никола Костов кој вели дека вкупна загуба за три месеци е 5 милиони евра.
-Најважно е да се прекине штрајкот, но за жал од грчките колеги не добив оптимистички информации, напротив постои песимистико расположение во однос на прекин на штрајкот. На овој начин се губат и деловните партнери, а ние многу зависиме од тоа пристаништа. Не може да постои стратегија за излез и решение бидејќи нештата не зависат од нас. Вкупната загуба за три месеци е 5 милиони евра. МЖ врши преструктуирање поради ненајавената и наметната ситуација, вели Костов.
Според него, доколку ваквата ситуација остане непроменета можат да се дуплираат штетите и за Македонски железници, но и за целокупното стопанство.
-Ваквата состојба може доведе до колапс на целокупното македонско стопанско. Упатувам апел до грчките институции и ЕУ, дека губитници не се само МЖ туку и грчкото стопанство трпи штети, што побрзо се деблокира солунското пристаниште толку подобро за сите, изјави Костов.
Тој додава дека тоа се веќе политички одлуки кои ја тангираат и Грција.
-Најголемата опасност е можноста Македонија да биде заобиколена. Коридорот 10 да не се употребува туку коридорот 4, а тоа е навистина лошо за нашата земја, бидејќи ќе биде заобиколувана, изјави Костов.Вагони од Македонски Железници-транспорт се заглавени на пристаништето. ТВ Нова разговараше со директорот на МЖ Никола Костов кој вели дека вк