Што ќе се случи во иднина јас не можам да предвидам, но едно знам ако покажат недоследност во своето однесување и да не речам дека на сред глас во 2006 и 2008 година „плачеа“ за да коалицираат, а сега сами си ја сечат гранката на која седат, а ВМРО-ДПМНЕ веќе добива на рејтинг и уште повеќе ќе добие бидејќи не им ја прифати платформата, а Никола Груевски покажа дека е голем државник и по секоја цена не направи влада со ДУИ и лично мислам дека тоа ќе биде во интерес на партијата, вели аналитичарот Сотир Костов во телефонски разговор за ТВ Нова коментирајќи ги ставовите на ДУИ.-Процесот на распаѓање на ДУИ ќе продолжи и тие треба да се изборат да размислуваат со свои глави, а не она што ќе им каже Тирана и Приштина. Мислам дека на следните избори со вакви резултати нема да можеме да составиме влада и ДУИ ќе биде најголемиот губитник, сега за сега ДУИ не е губитник, но во иднина ќе биде и проблемите треба да си ги најдат во својот двор, а не упорно да инсистираат на продолжување на мандатот на СЈО, истакна Костов.
Во врска со тоа зошто ДУИ го потиснува прашањето за СЈО, тој вели:
-Лично мислам дека на ова прашање најмеродавен да одговори е Али Ахмети и луѓето околу него, јас мислам дека тоа е единственото квиско кое можат да го подигнат и да кажат: -Еве со ова прашање ние не можеме да се согласиме со ВМРО-ДПМНЕ и нема да има влада. Тоа е многу споредно прашање и на тоа прашање не се гради политика и платформа која треба да има економски развој, развој на демократијата на слободата и на правата на граѓаните. Не е Али Ахмети тој што треба да каже дали СЈО ќе продолжи да работи или не, бидејќи сите беа во Пржино и сами договорија колку време да трае мандатот на СЈО, потенцираше Костов.
Според аналитичарот Ахмети е притиснат во партијата и има проблеми и токму затоа барањето за продолжување на мандатот на СЈО ДУИ го поставува како услов за коалицијата со партијата.
-Тој е притиснат од трите подпретседатели кои се загрижени за својот реизбор на локалните избори кои следуваат и мислам дека проблемот е друг. Платформата е главниот проблем, инаку видете многу одамна не е најбитно што за ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилна специјалната јавна обвинителка, многу е побитно за нас аналитичарити за стручната јавност што таа веќе не е кредибилна и со својот метод на работа јас како што ја нареков „транге-франге“ и поврзаноста која ја имаа таа со Зоран Заев таа веќе самата се посрамоти и донесе едни одлуки кои што можеме да кажеме дека се скандалозни и дека се срамни. Ајде да не речам дека кукавички дури и предавнички се откажа од понатамошно кривично гонење на Пуч каде што имаме обвинети лидери на политички партии, докажани криминалци како и Зоран Верушевски и неговата дружина. Одамна таа не е кредибилитетна и кога ќе почне да функционира собранието тие треба да расправаап за тоа што таа го работи и на што таа има потрошено четири милиони евра, иако најбитното е тоа што таа не испорачува резултати, вели Костов.
Тој вели дека ДУИ води кон распаѓање и дека тој имал голем респект кон таа партија и дека тие во период од 20 дена немаат толку аргументи за да кажат дека нема да направат коалиција.-Процесот на распаѓање на ДУИ ќе продолжи и тие треба да се изборат да размислуваат со свои глави, а не она што ќе им каже Тирана и Приштина. Мисла