Во Отвореното Студио на ТВ Нова со Љубиша Николовски, гостуваше политичкиот аналитичар и поранешен јавен обвинител Сотир Костов, анализирајќи ја моменталната политичка криза.„Ни се случува Шарена Револуција, ни се случуваат некои интересни групи, народски би рекол, групи на притисок. Видете до кај одат. Мислам дека тие завлегуваат во една друга сфера, сакаат тие да ги водат работите на политички план во државата при законодавен дом- Парламент, кој веќе работи, при извршна власт и при судска власт“, изјави Костов.
„Тие вака рекле пред некој ден: Или Уставниот суд ќе прогласи дека СЈО е уставно, а судовите и обвинителствата ќе ги ослободат овие што уништуваа споменици, историја, култура, традиција итн., или ние правдата и слободата ќе ги земеме во свои раце“, додаде Костов.
Тој вели дека кога ги запрашале што точно значи тоа „земање на правдата во свои раце“, тие одговараат со „не знаеме“ и „сѐ е можно“.„Ни се случува Шарена Револуција, ни се случуваат некои интересни групи, народски би рекол, групи на притисок. Видете до кај одат. Мислам дек