Вака ли Заев ќе донесе живот во Македонија? – прашува политичкиот аналилитичар Сотир Костов. За предлозите за министри во наовата влада, тој вели дека ова е враќање во 2001-та година. Сите ни велеа дека ова ќе биде реформска влада. Сите луѓе овде се дали на државно, дали на локално ниво се неуспешни. И во албанскиот блок и во македонскиот. После толку желба да се дојде на власт и да не понудиш интелектуалец, кој македонската јавност го знае и ќе каже овде не станува збор ниту за СДСМ, ниту за ВМРО, докажан стручни лица пред се во економската сфера, очекував и некое име докажано надвор од Македонија, надпартиски кадри да ни дадат, па да не замолчат сите. Ова вака не поминува, овде нема минимум компетенција, нема минимум квалитет. Ако го гледавте изразот на Заев на Конгресот и колку столчиња му се празни, тоа кажува дека таму нешто не чини. Така не се прави реформска влада. Ако реформи во Македонија донесат луѓе од типот на Самка Ибраимовски тогаш тешко на Македонија. Лично мислам дека требаше да дојдат млади, стручни и докажании кадри. Ни „р“ од реформска влада. Господ нека ни е на помош“, вели Костов за РСМ.
Мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ги достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада.
Сите ни велеа дека ова ќе биде реформска влада. Сите луѓе овде се дали на државно, дали на локално ниво се неуспешни. И во албанскиот блок и во мак