Костов: Заев лаже за прислушувањето, а СЈО наместо да го уапси одработува за него

Аналитичарот Сотир Костов, во интервју за Сител, вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев лаже за прислушуваните разговори, додека Специјалното јавно обвинителство одработува за негова агенда.Деновиве најактуелен е случајот со битолскиот градоначалник Владимир Талевски кој доби домашен притвор по одлука на судот, на барање на Специјалното јавно обвинителство. Дали Талевски треба да биде во притвор, бидејќи од друга страна го имаме Зоран Заев, кој е единствениот аболиран политичар, за кого овие денови се појавија информации дека токму тој како градоначалник на Струмица склучил договор за превоз на лица и ученици со посебни потреби во општината, го платил тој превоз, но никогаш истиот не е извршен?
Сотир Костов: Јас ова го нареков первертираниот реципроцитет на Катица Јанева, од причина што уште кога ја избраа за специјална обвинителка, таа прво што направи го пушти Верушевски од притвор и му ја врати патната исправа на Заев. И сега затоа велам первертиран реципроцитет и сега луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таа прогонува и врши политичко-правна обвинителска хајка на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, т.е. луѓето кои се на власт. Одлучи и се дрзна на еден од поуспешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Битола, Владимир Талевски кого јас лично го познавам, да го стави во куќен притвор. Тоа е една од мерките за заштита и мислам дека се применува кога има некаква опасност некој да избега или да влијае на постапката итн. Градоначалникот ниту има намера да бега, ниту пак има некаков бекграунд да е обвинуван претходно, да имаме пракса дека има криминогено однесување и лично мислам дека таква мерка е неприкладна за него, но како што реков тоа е первертираниот реципроцитет на Катица Јанева и таа практично праќа порака, ова сега е еден притисок и влијание врз партијата на власт дека еве сега што ќе ве снајде доколку сами не си поднесете оставки за да биде ослабната ВМРО-ДПМНЕ и конечно Зоран Заев да излезе на избори и се надева дека ќе победи на едни такви избори, не. ВМРО-ДПМНЕ е нешто многу појако од што тие мислат и на ваков начин ќе предизвикаат само револт кај граѓаните и еве како што забележувам обичните граѓани, избирачите, оние кои одлучуваат за време на изборите спонтано се собираат и му даваат поддршка на градоначалникот.
 
Ако го анализираме самиот случај “Транспортер# ќе видиме дека цените кои Владимир Талевски ги платил за превозот на учениците не се поголеми од цените кои другите градоначалници ги плаќале за превоз за учениците од нивните општини, Струмица, Куманово и др. општини.
Сотир Костов:Добра ви е паралелата. Доколку еве сега се извади случај соодветен или сличен на овој, па уште имаме и хендикепирани деца и искористување на хендикепираните луѓе во општеството, доколку цените таму се многу поголеми од ова во Битола, во битолскиот случај ќе излезе дека случајот е измонтиран, дека ќе излезе дека навистина имаме политички прогон т.е. хајка, гонење на вештаци од страна на јавната обвинителка. Тие работи се докажуваат во судот, ова се само индикации кои не мора да бидат и точни. Зборувам и за првиот и за вториот случај. Во суд се поднесуваат доказите и таму некој треба да докаже дека еве, на пример, конкретно Сотир Костов е сторител на тоа и тоа дело. Лично мислам дека начинот на кој тоа е презентирано во јавноста, специјалната обвинителска со нејзините помошници е непримерен начин на еден сериозен државен орган, едно јавно обвинителство, па уште и специјално и однапред ги прогласува луѓето за виновни, ги бира со специјална лупа би рекол, тоа се функционери на локално ниво како што е во случајот или пак се највисоки државни функции, и маваат по нив со голи индиции, по слушнат глас, а не со проверени факти, аргументи, докази и информации кои, народски кажано, виреат во судот. Не е случајно што тие пред неколку дена објавија на својот сајт луѓе кои ги прогонуваат за наводно сторени кривични дела и ги обелоденија нивните идентитети. Немојте да мислите дека тоа е непознавање или нестручност, токму тука се гледа онаа тенденциозност, субјективност и длабока навлезеност во водите на волонтаризмот. Да објавиш нечиј идентитет за кој не си сигурен дека го направил кривичното дело. Тоа е скандалозно.
 
Зоран Заев прво тврдеше дека се 50.000, па 60.000 прислушувани разговори, па стигнавме до бројката милион и нешто прислушувани разговори. Дали СЈО треба да покрене постапка против него за непредавање на сите прислушувани разговори, чија дистрибуција и јавна објава продолжува и понатаму?
Сотир Костов:Кратко и јасно ДА, треба да поведе, но ете сведоци сме не се поведува. Требаше да се поведе таква постапка некаде уште во март месец. Ако Катица не може да го види тоа, обичниот граѓанин и ние кои малку од малку одбираме од право или од јавно обвинителска работа го гледаме многу добро. Заев даде три изјави и така се измеша што како и да ја завртиме работата тој ја мамел јавноста, ги мамел сите во Македонија, вклучително и Катица Јанева. Тој најпрво рече дека дал 500.000 снимани разговори, потоа милион и неколку се и на крајот кога нешто не му одеше добро во овие пржински разговори и договори тој како средство и метод на присила рече ,,епа ако не биде по наше од утре објавуваме снимени разговори повторно#, ова е тој маѓепсан круг во кој тој самиот се става. Како и да му ги цениме овие изјави, тој е политичар кој не ја зборува вистината, манипулира и кој го има како средство СЈО за извршување на своите цели. Протести и вакви слични работи кои се случуваат јас би рекол дека се дозволени средства за една држава како Македонија нон-стоп ја држите во вонредна состојба, но тоа е како метод и средство, како цел, а цел е да се освои власта бидејќи егзистенцијата на политичката сцена е политички субјект дејствува за да освои власт како средство да се освои власт тоа е непримерено, недемократски и мислам дека на тој план Заев паѓа катастрофално, бидејќи тој држејќи не во вонредна состојба сака да дојде до власт, бидејќи не сака да се легитимира. Тој има еден вид страв и е претставник на ескапизмот од избори, тој бега од избори и знае каква е егзикуцијата на граѓанинот кога ливчето ќе го стави во избирачката кутија и затоа не го прави тоа. Да се вратам на почетокот од прашањето, доколку Катица Јанева не поведе постапка за тоа, ние имаме и Државно обвинителство и треба да размислат некои работи и да поведат кривични постапки кои некои веќе и се водат, но треба да се фокусираат бидејќи не може во бесконечност Заев да не држи во заложништво. Да се фокусираме на пин-мерките кои биле споведени на почетокот на кризата само тоа да се сработи и јас мислам дека ќе има резултати. Ќе се види кој работел против Македонија, а тоа се Верушевски и Заев и ќе се види кој работи во интерес на Македонија.
 
Околу платите на обвинителите, вие се поранешен обвинител, како се чувствувате вие и вашите колеги од ОЈО и Државното обвинителство кога гледате дека во СЈО примаат плата од 3.000 евра па нагоре, без надоместоци, а сносат и имаат овластување и ризик како основните јавни обвинители и државни обвинители?
Сотир Костов:Тоа е неправда и селективно наградување и тоа е измамување на принципите како на професијата, така и на моралот. Ако погледнеме затворите во Р.Македонија се преполни, дури има листа на чекање на луѓе кои треба да одат на издржување на санкцијата затвор. Што значи тоа, редовните обвинители во Р. Македонија овие во основните, државните обвинителства, обвинителството за организиран криминал, значи работат и си ја вршат својата работа. Тие треба да бидат наградени, како со својата плата месечно така и треба да им се даде стимул за сработеното. Кај нас работата се первертираше. Некои вадејќи од некаква премиса, од некој случај што може и не бил добро поставен и изведен, ни изведе еден генерален суд што е недозволено во правото дека нашето судство, вклучително и обвинителите, се корумпирани, дека кај нив постои невиден непотизам и дека сите треба да бидат сменети, такво судство не ни треба. Тоа не е точно. Битката со криминалот се води во судската сала, не се води со прес-конференции, не се води со недозволено објавување на идентитет на некој кој можеби и не е сторител на тоа дело и не е криминалец. Тие без да покажат резултати си се наградиле од 3 до 5 пати повеќе од нормалното. Барем да е со заслуга, барем да е со резултати. Ова е голема неправда, кон обвинителите и кон судиите. Нивната задача е претешка. Јас иако потекнува од обвинителство, верувајте ми најтешка работа во правосудството е судечката. Да оцениш дали некој е крив или не е крив. Како судијата сега ќе суди кога тој зема некаде околу 1.000 евра, овие од СЈО земаат по 3.000 или 4.000 евра плата, неправда е тоа и тоа е деморализирачки. А овие со големите плати ќе дојдат кај овие со малите плати да ги убедуваат дека во Македонија наводно владејачката гарнитура направила голем криминал за кого ни ден-денес не видовме ни Д од докази ни А од аргументи ни Ф од факти.
 
Како мислите дека ќе заврши оваа нова рунда преговори во Пржино помеѓу работните групи на политичките партии?
Сотир Костов:Оваа политичка криза мора да заврши, политички, демократски на избори, дали вонредни или редовни еве нека одлучи Зоран Заев и СДСМ бидејќи тие се опозиција и треба да им се попушти. Лично мислам дека најдобро е тоа да биде наесен, да имаме вонредни парламентарни избори бидејќи јас припаѓам на групата луѓе кои се противат оваа вонредна измислена криза да ни се пролонгира.
 
Зошто да не бидат во март?
Сотир Костов:Во март, најрационално во право сте бидејќи тогаш ќе се спојат со локалните избори и ќе имаме на еден трошок два резултата. Тоа е за оној политичкиот дел и мислам дека таа правна разврска треба да оди независно од политичката, а не вака испреплетена со вакви измислени обвинувања и ставања во притвор да даваме порака до граѓанството еве овие не чинат, не гласајте за нив. Тоа никогаш не успеало, па нема ни кај нас да успее, впречем и гледаме дека година и пол тоа не успева.
Како ќе се канализира Шарената револуција? Имаме уништување на споменици од Скопје 2014, повеќе како обид уништување на македонскиот идентитет од самото фарбање и сквернавење на објектите, како мислите ќе се канализираат овие протести кои се случуваат извесно време во Скопје?
Сотир Костов:Голем грев прават на тие млади луѓе, приметив дека пред Владата дејстуваа и деца со ранчиња кога ја боеја Владата, тоа е злоупотреба на децата, а и воопшто е грев да сквернавиш култура, традиција и историја. Доколку се залагаш за вредност, за нешто кое ќе ти донесе нешто многу подобро од она што сега го имаме, а ова не е така. На телевизија еден го прашаа дека доколку не ви излезе во пресрет Уставниот суд и не ви го прифати барањето да ја прогласи уставноста на СЈО и ако судските органи и обвинителите не ви ги пуштат затворените демонстранти, што вие ќе правите? Од Шарената револуција на ова одговорија дека се е можно, по што следеше прашањето што тоа се е можно тие рекоа дополнително ќе објаснеле. Тоа е поредокот на пештерата, тоа е влез на хаосот во недемократската џунгла, а тоа нам не ни треба. Граѓаните на РМ тоа ќе го препознаат, треба на избори да се излезе секој со програма и идеја и граѓаните ќе ја препознаат најдобрата.Деновиве најактуелен е случајот со битолскиот градоначалник Владимир Талевски кој доби домашен притвор по одлука на судот, на барање на Специјалнот

Пронајдете не на следниве мрежи: