Членот на ад-хок телото за следење на медиумите Љубомир Костовски, кој по предлог на СДСМ стана дел од телото кое ќе врши мониторинг на медиумскиот сектор, смета дека државниот буџет требало да се наполни со казните изречени во предизборниот период. Костовски ги поистовети новинарите со криминалци, правејќи споредба на известувањето на новинарите со насилници кои тепаат луѓе на улица.Костовски, кој заедно со Цветин Чилиманов вчера гостуваше во емисијата „Од наш агол“ на МТВ, изјави дека ако опомените не ја постигнеле целта, тогаш од казните можел да се наполни државниот буџет.
-Казнената политика ќе излезе од самиот терен, од ситуацијата која ќе ја имате. Ако со опомените не постигнете ефект, ако не постигнат цел, мислам дека овој буџет може да се наполни, државниот, вели Костовски.
Дополнително, Костовски ги поистовети новинарите со криминалци, правејќи споредба на известувањето на новинарите со насилници кои тепаат луѓе на улица.
-Како ќе функционираме, знаете стигаат и до мене и до колегите, дали денеска да внимаваме на сите принципи.Вака ми наликува мене како некој кога ме прашува да одам по улица и на некој со лесен удар да рече да тепам уште или да почнам да бидам фин, фино момче, рече Костовски.
На ваквата реторика реагираше Чилиманов, кој нагласи дека не ги доживува новинарите односно медиумите ако направат прилог кој што е критички кон некого, кој што е остар, дека тоа треба да се спореди со тепање на улица.
-Имавме таков многу проблематички однос од госпоѓата Шекеринска, која што го поистовети занимањето новинарство, на начин на кој што нејзе не и се допаѓа, со прилози кои нејзе не и се допаѓаат, со одбивање на некој од нејзините многубројни станови. Значи рече, ако вие девет пати пуштате некој да ви обие стан, демек десетиот пат ќе викате полиција, Значи, дефинитивно ние имаме тенденција од една политичка партија, ова жестоко, но точно известување од страна на медиумите кои што не и се допаѓаат на таа партија да се проблематизира и дури да се корисдти ваква реторика, тепање на улица и обивање станови, рече Чилиманов.
Чилиманов нагласи дека новинарите си ја вршат рабпотата сега, ќе си ја вршат и понатаму, а тие ние треба да ја почитуват слободата на изразување и правото на тие медиуми.Костовски, кој заедно со Цветин Чилиманов вчера гостуваше во емисијата „Од наш агол“ на МТВ, изјави дека ако опомените не ја постигнеле