Костовски: СДС воведува нефункционална двојазичност во цела држава спротивно на Уставот

СДС воведува нефункционална двојазичност во цела држава спротивно на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ таков закон не поддржува, ова на денешната прес-конференција го истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Со член 1 став 2 од предлог законот, кој вели, цитирам: „Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон“. Заев велеше дека двојазичноста и Тиранската платформа е само во главата на Груевски, но сега гледаме дека тоа станува вистина, упорно се турка закон кој е против интересите на државата, против волјата на македонскиот народ, но и против соживотот во оваа држава. Двојазичноста која ја предвидува СДС значи двојазичност на сите нивоа, имено СДС предвидува книжните и кованите пари, како и поштенските марки да бидат двојазични, согласно чл.8 од овој предлог закон. Да почитувани граѓани во овој предлог закон стои дека и парите ќе бидат двојазични, нешто што беше константно негирано од Зоран Заев и актуелната власт, но сега гледаме дека е вистина, вели Костовски.
Тој додава дека законот за двојазичност обврзува униформите на полицијата, на пожарникарите, и на здравствените работници во градот Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните го зборуваат албанскиот јазик да бидат со натписи и на албански.
-Ова претставува целосна двојазичност и е вовед во нови поделби. СДС со овој закон создава нефункционална држава. СДС со овој закон го продолжува редефинирањето на државата кое започна со штетниот договор со Бугарија кој го деградираше македонскиот јазик, а сега со законот за двојазичност дополнително го девалвира македонскиот јазик и неговата употреба. Сето ова треба да заврши со промена на името на државата, стратегијата за чие спроведување СДС е донесена на власт. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во редефинирањето на државата, потенцира Костовски.-Со член 1 став 2 од предлог законот, кој вели, цитирам: „Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така,

Пронајдете не на следниве мрежи: