СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС. Сите обвиненија кои СЈО ги поткрена и сите истраги кои беа спроведени, беа политички нарачки и имаа за цел рушење на угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, чијшто говор во продолжение ви го пренесуваме интегрално.СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС.
Сите обвиненија кои СЈО ги поткрена и сите истраги кои беа спроведени, беа политички нарачки и имаа за цел рушење на угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство.
Случајот Тортура е уште еден дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и лажни конструкции. Обвинението за наводната тортура, односно прекумерна сила врз уапсениот Љубе Бошкоски е смешно и истото претставува ноторен егземплар на политичко инспирирано обвинение со цел политичка елиминација.
Дека ова обвинение на СЈО е партиска нарачка, која има за цел рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ докажува записникот за задржување на лице, составен за случајот за апсењето на Бошкоски, каде е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема забелешки. Највпечатливо е тоа што записникот своерачно го потпишале Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго. Ова е крунски доказ кој ниту СЈО, ниту било кој може да го негира и оспори.
Случајот Тортура како и сите случаи на СЈО се со една единствена цел создавање на медиумски простор за негативна кампања против ВМРО-ДПМНЕ, која стои на браникот на државните и национални интереси и тоа го прави безпоштедно. СЈО има цел да создаде атмосфера додека Заев ги распродава името на државата, името на јазикот, историјата и нацијата, граѓаните да ги коментираат политички креираните обвиненија против ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните го прочитаа СЈО. Секому му е јасна спрегата СДС/СЈО и начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди.СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС.
Сите обвиненија кои СЈО ги поткрена и сите истраги кои беа спроведени, беа политички на