КОЖАТА Е МЕКА И НЕМА ИРИТАЦИИ: Направете пена за бричење од природни состојки!

Бричењето е еден од најчестите начини за отстранување на несаканите влакна. За полесно бричење секогаш користиме соодветна пена, која е збогатена со мириси, масла и го прави бричењето полесно и пријатно.Комерцијално можат да се најдат специјални производи наменети за кожата и потребите на мажите и жените. Но, бидејќи има голем број на природни состојки кои успешно можат да ја заменат обичната пена за бричење, споделуваме еден рецепт за домашна пена.
По неа кожата останува мека, мазна, а влакненцата се отстранети совршено, без иритации.
Потребни состојки:
1/3 чаша кокосово масло
1/3 чаша масло од шеа
2 лажици маслиново масло, масло од јојоба или масло од бадем
2 лажици течен сапун
Начин на приготвување:
Во мал лонец загрејте ги маслата. Откако ќе ги тргнете од огнот треба да се изладат за неколку минути, а потоа можете да додадете сапунот и да измешате добро. Префрлете ја смесата во длабока чинија, покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер да зацврсти. Откако ќе се зацврсти добро, може да ја извадите од фрижидер и да ја разбиете со помош на миксер до добивањето на мека смеса.
Префрлете ја веќе готовата пена во стаклена тегла со капак. Чувајте ја на суво и ладно место.Комерцијално можат да се најдат специјални производи наменети за кожата и потребите на мажите и жените. Но, бидејќи има голем број на природни сост

Пронајдете не на следниве мрежи: