Кожата му станувала сина: Бебенце во ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ добило срце!

„Твоето и моето дете засекогаш ќе бидат поврзани со срцето што растеше во твојата утроба и сега пумпа крв низ телото на детето кое растеше во мојата“ – ѝ порачала благодарната мајка на мајката на донаторот.„Беше на самиот раб“ – изјави доктор Мајкл Мекмален за 7-месечниот Линколн Сивајџ од Алјаска кој се родил со ретка срцева маана поради која органите му се развиле на спротивните страни во телото.
Посинел поради недостаток на кислород
На малечкиот Линколн му било потребно ново срце, а неговото семејство го чекало од јануари минатата година.
„Последните два дена пред трансплантацијата можеше да се види дека тоа се неговите последни денови“ – изјавил неговиот татко Роб.
Новото срце пристигнало во последен момент. Кожата на детенцето почнала да посинува од недостаток на кислород.
Занемеле од шок: „Имаме срце!“
„Веднаш почнав да се тресам и плачам. Лекарот ми објаснуваше сѐ за операцијата и ризиците. Ми раскажуваше некои 20-30 минути, но ништо повеќе не слушав откако соопшти дека добија срце“ – напишала Минди на страницата на која собираат пари за лекување.

Пресреќната мајка во отоворно писмо ѝ се заблагодарила на мајката на донаторот, чиј идентитет поради законот не може да се дознае.
Порака на љубовта: Твоето дете ќе живее во моето
„Сакам да знаеш дека не постојат зборови со кои би можела да ја изразам мојата благодарност што можеше да бидеш таква мајка во тие последни моменти и што можеше така несебично да даруваш друга мајка. Сакам да знаеш дека секогаш ќе имам најголема почит кон дарот што ќе го примиме од тебе. Ќе го ценам тоа срце повеќе од било што друго. Можеби никогаш нема да го дознаеме твоето име, но јас длабоко ќе те познавам во својата душа. Ти и јас можеби никогаш нема да се сретнеме, можеби никогаш нема да разговараме, но ќе бидеме поврзани на повисоко, духовно ниво. Твоето и моето дете засекогаш ќе бидат поврзани со срцето што растеше во твојата утроба и сега пумпа крв низ телото на детето коешто растеше во мојата. Кога ќе му ставам завои на изгребаното колено, ќе мислам на тебе. Кога моето дете ќе крвари, ќе мислам на тебе. Кога ќе ги слушнам отчукувањата на неговото срце, ќе мислам на тебе. Често ќе се молам од благодарност и за благослови за твеото семејство. Ќе го ценам твојот дар. Ветувам.“ – напишала Минди.
„Беше на самиот раб“ – изјави доктор Мајкл Мекмален за 7-месечниот Линколн Сивајџ од Алјаска кој се родил со ретка срцева маана п

Пронајдете не на следниве мрежи: