Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчкиот весник „Катимерини” изјави дека Владата има намера да го реши спорот со името со Македонија.Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“.
Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година, изјави Коѕиас.
Според него, во спротивно ќе има „големи компликации“. Тој додаде дека по неговото решавање ќе останат „три-четири месеци бирократија во ОН “. Според министерот, ова прашање треба да се реши до крајот на 2018 година, бидејќи изборите ќе се одржат во следната 2019 година и тоа во Македонија и во Грција.
-Нема да биде добра година за справување со прашања од слична природа, бидејќи ние ќе сме среде изборни кампањи, а такви проблеми треба да се решаваат во релаксирана атмосфера, изјави Коѕиас.Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“.