КРАЈ НА ОГНОТ? Путин и Порошенко подготвија “патна карта” за примирје

По синоќешната прва билатерална средба во Минск, претседателите на Русија и Укрина, Путин и Порошенко делумно постигнаа договор за прекин на огнот во Украина, како и дека е постигна договор за обновување на работата на Контакт-групата за решавање на украинската криза. “Ќе биде подготвена „патна карта“ за што е можно побрзо постигнување прекин на огнот” – изјави Порошенко 
Путин разговорите со украинскиот колега го оцени како позитивни.

“Тој процес треба да почне што е можно побрзо”, изјави Путин, нагласувајќи дека е разговарано за неопходноста од што е можно побрз прекин на крвопролевањето и обновување на работата на Контакт-групата за Украина.
До 12 септември ќе се формира предлог насочен кон решавање на загриженоста на земјите-членки на Царинската унија. Договорено е и обновување на прашањето за рускиот гас во Украина.  “Ќе биде подготвена „патна карта“ за што е можно побрзо постигнување прекин на огнот” – изјави Порошенко 

Пронајдете не на следниве мрежи: