Крај на патувањето: Германија повторно ќе воведе визи за Балканците

Унгарија на границата со Србија гради ѕид за да го намали бројот на илегални влегувања во својата земја, а Германија планира да воведе визи за балканските земји – Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора. Проблемот лежи во фактот што поголем дел од барателите на азил во Германија и уште неколку други земји на ЕУ, доаѓаат токму од ова подрачје.Оваа година, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година, тој број ќе се зголеми до 450.000. Во 2014 година тој број изнесувал 202.000, пишува „Вечерњи“.
Дури 40% од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако во нивната матична земја не им се заканува прогон.
Воведување на визи бара регионалната влада на Баварија, бидејќи оваа германската покраина е географски најблисиот дел од Германија до Балканот и е најчеста мета на барателите на азил. Токму баварската влада од својот буџет издвојува најголем дел трошоци за социјална помош или социјални кирии за овие економски бегалци, а нивниот број е зголемен двојно повеќе во споредба со 2014 година.
„Го поддржувам повторното воведување на визи за овие балкански земји“ – изјави баварскиот премиер Хорст Сихофер во интервју за Ди Велт.
Инвазијата на баратели на азил започна пред неколку години, кога за граѓаните на земјите од Западен Балкан беше укинат визниот режим за влез во Германија. Во тоа време, се зголеми бројот на луѓе кои доаѓаат во Германија само за да си ги соберат парите од социјална помош.
„Големиот број на баратели на азил во ЕУ ги отежнува напорите и намалува шансите нивните земји еден ден да влезат во ЕУ“ – сметаат германските и француските аналитичари.Оваа година, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година, тој број ќе се зголеми до 450.000. Во 201

Пронајдете не на следниве мрежи: