Постапката претставува сосема нов метод за враќање на обемот и формата на градите по некоја хируршка интервенција, без да вклучува поставување на силикон.До сега, единствената шанса на жените за реконструкција на градите по операција, обично за отстранување на некакво ткиво, беше токму силиконот.
Силиконските импланти, за жал не се секогаш безбеден за пациентите. А, сега деновите на силиконот се изброени.
Липографтингот претставува постапка со која лојните жлезди на женското деоклте се реконструираат со помош на масти, извлечени од телото на пациентот. Оваа постапка има многу предности што ги откриваат експертите. Како за почеток, во организмот не се става страно тело, што значи дека нема веројатност за отфрлање.
Покрај тоа, силиконот е целосно контраиндициран кај радиотерапија, која е неопходна при заболени од рак, а новиот метод се комбинира беспрекорно со третманот. Треба да се напомене и фактот дека од чисто естетска гледна точка, липографтингот е многу подобар од имплантите.
Заедно со позитивните страни, сепак лекарите велат дека липографтингот има и некои негативни такви. Прво, постапката трае подолго време бидејќи често е потребно да се направи повторно. Покрај тоа, повеќето заболени пациенти од рак на дојка, за кои е наменета новата терапија, се со мала тежина и екстракцијата на масти од нив ќе биде многу потешка.До сега, единствената шанса на жените за реконструкција на градите по операција, обично за отстранување на некакво ткиво, беше токму силиконот.