Крај на темните подочњаци!

Loading...

Еве неколку начини темните подочњаци да исчезнатЗимскиот период кај жените додава и до пет години старост поради темните кругови околу очите и намалувањето на количината на хормонот на среќа, се заклучува од истражувањето кои го направиле научници од  Andonia Organicsa, а опфатило околу 5.000 жени кои се набљудувани низ четири годишни времиња. Оваа појава е резултат на недостатокот на сончева светлина и витаминот Д. Серотонинот, познат како хормон на среќата, значително опаѓа кога времето е најстудено. Други причини може да бидат генетска предодреденост, но подочњаците можат да се јават и како последица на алергија,анемија, исцрпеност, умор, тешкотии во дишењето преку нос, проблеми со бубрезите или срцето, лоша циркулација, стрес…
Еве неколку начини како да се спасите од нив:

 
1. Дневниот сон им е потребен на луѓето кои работат многу и кои не спиеле доволно претходната ноќ. 
2. Со ладни облоги притиснете ги очите. Ова би требало да ја намали отеченоста.
3. Кремите богати со витамин Е помагаат во намалувањето на темните кругови.
4. Можеби ќе ви звучи чудно, но парче компир може да послужи како извонредно средство против темните подочњаци.
5. Пијте многу вода, и променете ја храната-збогатете ја со месо, риба и млечни производи.
6. Обидете се да спиете на грб, а вашата глава да биде благо подигната. Тоа овозможува подобра циркулација на крвта и го спречува собирањето на течноста околу очите.
7. Чести облоги од чај од жалфија ( ладни и топли) -една лажица листови од жалфија прелијте ги со пола чаша врела вода и оставете ги поклопени 10 минути, процедете го и половина од чајот изладете ја, а другата половина подгрејте ја. На капаците наизменично ставајте ги облозите натопени во топол и ладен чај.
8. Во борбата со подочњаците помагаат и маски од магданос или пресован варен компир, како и кругови од краставици.Зимскиот период кај жените додава и до пет години старост поради темните кругови околу очите и намалувањето на количината на хормонот на среќа, се

loading...
Loading...