КРАЈ НА ВОЈНАТА? Израел и Палестина постигнаа договор за нограничен прекин на војната

Изгаел го прифатил предлогот на Египет  за неограничен прекин на огнот во судирот со Хамас, рекол денес еден неименуван висок израелски челник, на кој се повикуваат израелските медиуми.Израел го прифатил египетскиот предлог за потполн и временски неограничен прекин на огнот“, изјавило официјалното лице, потсетувајќи дека Израел го прифатил египетскиот предлог и на 15јули и дека секогаш подржувал безусловен, отворен прекин на огнот.
Но,останало нејасно кога прекинот на огнот ќе стапи на сила. Официјалните лица на Египет и Палестина, на кои се повикува Ројтерс, рекле дека тоа веќе се случило во 19 часот по локално време , а египетската државна новинска агенција навела дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во 23 часот.
Претходно челниците на Хамас рекле дека Египет вечер ќе објави дека е постигнат договор за прекин на огнот, но израелската страна ништо официјално  не искоментирала. Палестинскиот претседател Махмуд Абас дополнително потврдил дека е прифатен египетскиот предлог. За сега не се знаат дополнителни детали за прекинот на војната.

Во меѓувреме еден Израелец загинал во минофрлачки напад од појасот Газа, со што бројот на израелски жртви порасна на 69,вклучувајќи пет цивили.
Во појасот Газа вечерва веќе се прославува веста за договорот за прекин на огнот. Повеќе од 2.140 Палестинци загинаа во судирот кој започна на 8. јули, од кои повеќето цивили.Израел го прифатил египетскиот предлог за потполн и временски неограничен прекин на огнот“, изјавило официјалното лице, потсетувајќи дека Изр

Пронајдете не на следниве мрежи: