Рафаел Надал го победи Тим Смичек со 3:2 во сетови, но потегот кој го направи Американецот во финишот од мечот го воодушеви Надал и целиот свет.Американскиот тенисер Тим Смичек, направи крајно спортски потег на мечот од второто коло на „Аустралиан опен“, против Шпанецот Рафаел Надал.
Надал во петтиот сет водеше со 6:5 и 30:0, а некој од навивачите вресна додека Шпанецот се обиде да сервира. Надал го пречекори дозволеното време, а судијата му го одзема сервисот.
Меѓутоа, на изненадување на присутните, Смичек побара од судијата да му се врати првата серва на Надал, што овој и го послушал. Надал му се заблагодари на овој потег и по големата борба успеа да го добие мечот со 3:2 во сетови.
„Му честитам на Тим и му се заблагодарувам. Многумина не би постапиле како него“, рече Надал по мечот.
Погледнете го видеото:Американскиот тенисер Тим Смичек, направи крајно спортски потег на мечот од второто коло на „Аустралиан опен“, против Шпанецот Рафаел Н