КРАЈНО ВРЕМЕ: Разграничете ги ПОИМИТЕ, ПСИХОЛОГ ОД ПСИХИЈАТАР!

Често се случува луѓето да ги помешаат поимите и да не знаат што е психолог, а што психијатар. Оние што се добро образовани ја знаат разликата помеѓу овие два поима, а оние што не знаат за што збориме, обратете повеќе внимание, за да не се избламирате наредниот пат кога ќе ја употребите терминологијата. Што е психијатар, а што психолог? Кои се нивните разлики и сличности? Не случајно се јавуваат нејаснотии во однос на тоа прашање, како и да е, избраните професии кои имаат многу сличности помеѓу себе, но она што е различно ги диференцира.

Клиничкиот психолог е обучен да работи со телесно и психички болни луѓе, да спроведува дијагностика со психолошки тестови, да предлага и спроведува психотерапевтски методи во зависност од неговите знаења и поминати едукации во тој домен. Тој во областа на делување е измеѓу психологот и психијатарот.
Психијатарот е лекар, само тој може да препишува медикаментозна терапија, психијатарот на своја рака не смее да применува психотерапија , потребно му е дополнително оспособување. Не секој психолог е клинички психолог, има и други видови или специјализации во областа на психологијата при што се добиваат звања: училишен психолог, бизнис психолог, спортски психолог итн.
Психотереапевтот е обично психолог или психијатар ( понекогаш може да е со друга специјализираност) кој има поминато едукација која се состои од 3 чекори:
(1)лична терапија, личен раст и развој
(2)териска основа на психотерапијата
(3)работа под супервизија
Не секој психотерапевт е психоаналитичар.

Психоаналитичарот е човек кој се осмелил да го истражува своето несвесно и да ја открие на собствен грб теоријата на Сигмунд Фројд. Тој бара од клиентите да зборуваат за се она што прво им паѓа на памет, да не криете ништо , поради страв или срам бидејќи секој детаљ може да биде клучот на проблемот.Што е психијатар, а што психолог? Кои се нивните разлики и сличности? Не случајно се јавуваат нејаснотии во однос на тоа прашање, како и да е,

Пронајдете не на следниве мрежи: