Оригинален рецепт кој не се заборава!Состојки:
За тесто:
600 гр брашно
1 јајце
2-3 мл млака вода
1 лажица масло
2 лажици сол
За фил:
500 гр мелено јунешко месо
1 главица кромид
Масло
Сол
Бибер
Слатка пиперка
Прелив:
1 чаша јогурт
1 чаша кисела павлака
2-3 чешниња лук
Уште
100 гр маргарин
3 лажици масло
Подготовка
Во вангличка ставете го брашното, солта, маслото, јајце и постепено додавајте млака вода и месете го тестото со раце. Замесете меко тесто. Истресете го на раб отната површина и премачкајте ја горната страна со малку масло. Покријте со крпа и оставете да стои половина час.
Во тава истурете малки масли и кога ќе се загрее ставете ситно сецкан кромид и пржете додека не добие златна боја. Додадете мелено месо и динстајте десетина минути. Зачинете по вкус и оставете да се олади.
Тестото поделете го на 15 топчиња, обликувајте и секое расукајте го во големина на плитка чинија. Стопете го маргаринот и маслото. Премачкајте 4 јуфки, редејќи ги една врз друга, потоа ставете ја петтата, но неа не ја премачкувајте. Така повторете уште 2 пати, ќе добиете 3 купа со по 5 јуфки. Оставете ги да постојат половина час.
Едниот куп расукајте го што потенко и поделете го на 15 квадратчиња. На секој квадрат ставете по една лажица од филот и превиткајте дијагонално, од двете страни, така што ќе добиете облик на пакетче.
Со стопен маргарин и масло премачкајте го плехот или тавата и редете ги пакетчињата со тоа што преклопот ќе го ставите одоздола. Истото направете го и со другите купови. Питата одозгора премачкајте ја со стопен маргарин и масло.
Печете во загреана рерна на 220 степени 15 м инути, потоа намалете на 180 степени и печете уште 15 минити.
Помешајте го јогуртот и павлаката, додадете го истолчениот лук. Прелијте ја печената пита и оставете десетина минути во топла рерна да го впие преливот.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
За тесто:
600 гр брашно
1 јајце
2-3 мл млака вода
1 лажица мас