Дарен Мекгрејди, поранешниот приватен готвач на кралицата Елизабета, открил што сакаат да јадат членовите на кралското семејство.Оброците за сите биле планирани со тоа што еднаш неделно предлог менито се испраќало кај кралицата, а таа го одобрувала или правела измени. Елизабета е голема љубителка на темно чоколадо, а со оглед на тоа дека не го поднесува мирисот на белиот лук, таа ја забранила неговата употреба во палатата. Освен тоа, кралицата ја надгледувала подготовката на храната за секоја пригода, а на менито најмногу сакала да има храна која се одгледувала на имотот.
Кралицата Елизабета ретко јаде во ресторани, а интересно е што секогаш доцнела на вечерите.
„Доколку вечерата требало да биде во 20 часот, на останатите членови на кралското семејство им велевме дека вечерата е во 20.15 часот затоа што кралицата Елизабета секогаш доцнеше“, вели Мекгрејди.
За време на вечерата сите морале да бидат формално облечени, а завршувале со јадење во моментот кога кралицата ќе престане да јаде.
Принцот Филип сакал скара и понекогаш го менувал своето јадење со јадењето од послугата, а принцовите Хари и Вилијам најмногу сакале брза храна, па затоа честопати принцезата Дајана го откажувала ручекот во палатата и ги водела принцовите во Мекдоналдс.
Од друга страна, таа била на строг режим на исхрана и не јадела црвено месо. Мекгрејди објаснува дека во тој период никој не знаел дека Дајана страда од булимија.
„Дури кога се соочи со својот проблем, таа започна здраво да се храни. Сакаше јадења како полнети пиперки, домати и риба“, вели тој.
Мекгрејди работел 11 години во Бакингемската палата пред да замине да готви за принцезата Дајана, а денес работи кетеринг.Оброците за сите биле планирани со тоа што еднаш неделно предлог менито се испраќало кај кралицата, а таа го одобрувала или правела измени. Елизабе