Кралот на попустите најавува 5 златни зделки!

Пред 5 години за прв пат на Македонскиот пазар се појавија најголемите попусти преку непобедливите зделки кои ги воведе првиот Македонски сајт за групни попусти, лидерот во е-трговија, Grouper.mk. Оние кои ги следат сигурно ги знаат уникатните начини на одбележување на нивните родендени изминативе 4 години.Оваа година забавата е онлајн под името „5 Златни зделки на Кралот на попустите”. Најавата за 5тиот роденден, тимот ја пренесува со креативен препев, во нивен стил, на една добро позната македонска песна.
 

Еве не како ви пееме…или не пееме? Или се правиме дека пееме? Ама не е важно кој пее, важно е за што се пее. Во препевот стои пораката за роденденот!Слееееди месец полн возбуууудииии ♪ ♫ ♬
Posted by Grouper.mk on Thursday, February 11, 2016

Еве како од Grouper ја дефинираат златната зделка:
Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое претходно не било понудено.
Пред неколку дена беше пуштена првата златна зделка (Златна зделка #1) која го претстави најголемиот попуст на спортска опрема понуден некогаш и го сруши рекордот на најпродаваната Grouper зделка со 4000 продадени купони за само неколку дена.
Со над 400.000 продадени купони, Grouper заедницата веќе брои над 100.000 корисници кои секојдневно ги уживаат одличните зделки кога сакаат да посетат нов ресторан, да се рекласираат, да си организираат патување, да купат подарок за блиските, да закажат здравствен преглед или едноставно кога бараат совршен изговор да пробаат нешто ново. Инфографикот подолу ги прикажува успесите на Grouper на Македонскиот пазар во изминатите 5 години кој е уште еден доказ за нивната транспаретност и посветеност на Македонскиот пазар.
Со бројни награди и признанија (Најдобар сајт за е-трговија во 2013 и 2014, Најдобар мобилен сајт за 2014 и 2015, II место за најдобар сајт во 2015), поставени рекорди во е-трговијата, современа мобилна апликација, квалитетна грижа за корисници и многу повеќе, Grouper претставува пример за успешно водење на онлајн компанија.
Оваа година забавата е онлајн под името „5 Златни зделки на Кралот на попустите”. Најавата за 5тиот роденден, тимот ја пренесува со кре

Пронајдете не на следниве мрежи: