Елвис Присли беше американски музичар и „крал на рок музиката“. Тој беше популарен во 50-тите и 60-тите години од дваесетти век. Има продадено повеќе од 150 милиони плочи и глумел во повеќе од дваесеттина филмови.Свршеничката на „Кралот“, Елвис Присли, никогаш не коментирала и не давала интервјуа за Елвис, но во автобиографијата ги открива неговите последни зборови и како го пронашла во бањата.
„Одам во бањата да читам“, тоа биле последните зборови што Елвис ѝ ги кажал на неговата свршеничка Џинџер Алден, рано утрото на 16 август 1977 година. Тоа биле и последните зборови кои тој ги изговорил.
„Кралот“ не можел да заспие, но не сакал да ја вознемирува својата „кралица“ која наскоро требало да му стане жена.
„Во ред, но немој да заспиеш внатре“, му рекла Џинџер. Таа продолжила да спие и ја оставила вклучена ламбата покрај креветот, за Елвис да може да легне кога ќе се врати. Кога се разбудила после неколку часа, забележала дека светлото сѐ уште гори, па тропнала на вратата од бањата, го викала и на крајот ја отворила вратата и влегла.
Во нејзините мемоари „Џинџер и Елвис“, Алден која сега има 57 години, сѐ уште има скршено срце и пишува за некои детали од животот со Присли. Открива дека го нашла како клечи на подот, со рацете врз лицето, во позиција како да се моли. Џинџер се наведнала за да го подигне, но тој бил потполно ладен.
„Му удрив неколку шлаканици, личеше како да зема воздух кога му ја свртев главата“, рекла Џинџер во единственото интервју што го има дадено. Се обидела да му ги затвори очите, но му биле целосно црвени.
„Не сакав да помислам дека е мртов. Бог не би сакал да го земе толку рано“.
Докторите подоцна изјавиле дека и да викал за помош Елвис, Џинџер не би можела да го слушне бидејќи неговиот доктор ѝ дал апчиња за спиење кои биле многу јаки.Свршеничката на „Кралот“, Елвис Присли, никогаш не коментирала и не давала интервјуа за Елвис, но во автобиографијата ги открива негови