Кравчук: Ова може да биде почеток на Трета светска војна, апетитите на Путин се големи!

Првиот претседател на независна Украина, Леонид Кравчук е видно загрижен и смета дека преминувањето на руски војници преку украинската граница би значело почеток на Трета светска војна.Кравчук верува во меѓународниот притисок, бидејќи само така може да се спречи понатамошна агресија на Украина од страна на Русија по припојувањето на Крим. Од друга страна, тој  смета дека Путин има мнгу поголеми апетит кои стигнуваат подалеку од Украина.
– Тоа нема да биде точна на сопирање и тоа би можело да биде почеток на Трета светска војна – порачал Кравчук за Гласот на Америка.
Украинските аналитичари се исплашени од понатамошни интервенции на Русија врз другите делови на Украина и во Молдавија каде што има значителен број на руско население.
Интересен е фактот што токму Кравчук одлучи по распадот на СССР да испрати 1.800 нуклеарни боеви глави во Русија. Тој во 1994 година потпишал договор со тогашниот руски претседател Борис Јелцин и со американскиот претседател Бил Клинтон за отстранување на нуклеарното оружје од Украина во Русија. До тој момент Украина беше 3 светска нуклеарна сила во светот. во случај Украина се уште да поседуваше толкава нуклеарна моќ, прашање е дали ќе се плашеше од отворен судир со Русите.Кравчук верува во меѓународниот притисок, бидејќи само така може да се спречи понатамошна агресија на Украина од страна на Русија по припојувањето

Пронајдете не на следниве мрежи: