Непознати сторители од куќа во гостиварското село Долна Бањица украле пари, златен накит и верски книги.Кражбата, како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во Полициската станица Гостивар ја пријавил гостиварецот С.И. (51). Тој рекол дека во периодот помеѓу 19:30 часот и 21:00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа село Долна Бањица.
Сторителите насилно го отвориле прозорецот од кујната, влегле внатре и од спалната одзеле женска чанта со 2.500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија одзеле женски паричник со 100 евра, 3.000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка, по што го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Кражбата, како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во Полициската станица Гостивар ја пријавил гостиварецот С.И. (51). Тој рекол