Четириесет илјади евра, десет часовници и разновиден златен накит штета како последица на тешка кражба во неговиот стан пријавил И.А. (37) од Тетово во полиција, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Првичните проценки се дека вкупната материјална штета од оваа кражба е околу 70 илјади евра.
Според пријавата на И.А. тешката кражба во неговиот стан на улица „Благоја Тоска“ во Тетово ја извршиле засега непознати сторители, најверојатно помеѓу понеделник и вторник.
-Крадците го искористиле отсуството на домашните во овој период, насилно ја отвориле металната блиндирана врата, целосно ги пребарале сите простории од внатрешноста и од црна пластична кутија во гардероберот во спалната соба одзеле 40 илјади евра во апоени од 50, 100 и 200 евра. Покрај тоа, одзеле и десет часовници од познати марки и разновиден златен накит. Со одземеното, незабележани од никого го напуштиле станот, рече Јосифовски.
Полицијата извршила комплетен увид при што биле пронајдени и подигнати траги за вештачење и презема мерки и активности за откривање на сторителите и за утврдување на вкупната материјална штета.Првичните проценки се дека вкупната материјална штета од оваа кражба е околу 70 илјади евра.
Според пријавата на И.А. тешката кражба во нег