КРЦКАВО УЖИВАЊЕ: Триаголничиња со спанаќ и фета сирење

Добар апетит!Потребни состојки:
Лиснато тесто околу 500 гр (или готови кори по избор)
300 гр крупно исечкан спанаќ
200 гр Фета сирење
Лук – 1 чешне
1 мал црвен кромид
Бибер – По вкус
2 јајца
1 супена лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
Спанаќот измијте го и добро исцедете го. Пржете го кромидот во маслиново масло а потоа додадете го спанаќот. Ставете во цедалка за да се исцеди течноста.

Разматете едно јајце додадете го фета сирењето и измешајте се заедно со спанаќот и кромидот.
Потоа развлечете го тестото и поделете го на квадрати од приближно по 10 см.

Ставете од филот, и преклопете. Со вилушка притиснете ги краевите на триаголникот.

Ова ќе им даде убав облик на парчињата, а притоа ќе оневозможи да излезе филот од внатре за време на печењето.

 

Искршете го другото јајце во сад и со четка премачкајте ги триаголниците.
Ставете ги во рерна и печете на 180 степени додека триаголниците не добијат златна боја.
Добар апетит!
Потребни состојки:
Лиснато тесто околу 500 гр (или готови кори по избор)
300 гр крупно исечкан спанаќ
200

Пронајдете не на следниве мрежи: