Летниот одмор наближува и сите со нетрпение го очекуваме времето исполнето со прекрасни патувања, авантури и емоции. Секој човек кој ќе го сретнеме на патот станува дел од нашата летна бајка, помага да напишеме приказна и да го прошириме својот свет. За да ги фатиме и зачуваме засекогаш овие убави моменти, на помош доаѓа Huawei P10 lite, кој ќе биде достапен во мрежата на операторите Македонски Телеком, One Vip, како и во синџирот продавници на Нептун и Setec.Фотографијата е уметност, создадена да ја замрзне сликата која ги импресионира нашите очи. Без разлика дали станува збор за убавината на милионите нијанси на сонцето во различни периоди од денот, одразот на мал брод во водата или некоја стара зграда, која чува безброј приказни, во еден момент ја сфаќаме потребата од технологија која ни овозможува да ги зачуваме овие моменти токму како што ги гледаме и чувствуваме.
Висококвалитетната DSLR камера со комплет објективи е обемна и тешка, што не одговара на слободата и авантурите кои ни се пружаат на летниот одмор. Затоа е поудобно да имаме под рака smartphone како Huawei P10 lite чија камера пријатно ќе не изненади со своите способности.
P10 lite нуди нешто што корисниците најмногу го посакуваат и очекуваат: специјално подесување за портрети, кај кои доаѓаат до израз деталите и експресивноста на сликите со луѓе. Кога ќе го вклучиме подесувањето за портрет, софтверот на P10 lite го доловува лицето на фотографијата и ни овозможува да го провериме контрастот, заситеноста и осветленоста, за да се истакнат најважните карактеристики на објектот, истовремено нагласувајќи ги емоциите. Камерата го засилува ефектот, додавајќи го елегантниот фон на бои во позадината, т.н. bokeh ефект, со цел да го сврти вниманието кон лицето на човекот со што тој станува најзначајниот елемент на сликата.
На располагање имаме и супер батерија! Нема да ја наполниме батеријата додека сме на плажа или планина. Кај новиот P10 lite технологијата на Smart PowerSaving 5.0 управува со операциите и одделните апликации така што батеријата се оптимизира, обезбедувајќи подолга автономна работа. Батеријата е со капацитет од 3000 mAh и едно целосно полнење трае само 97 минути. Но тоа не е сè – кога сме заборавиле да ја наполниме и имаме сосема малку време пред да излеземе, можеме да обезбедиме моќност за 2 часа гледање видео само за 10 минути, а ќе ја наполните батеријата до 43% за 30 минути!
Ако дури ни ова не е доволно, постои и уште едно изненадување: P10 lite Huawei користи EMUI 5.1 – најнова верзија на интерфејсот. Тој доаѓа во прилог на Android 7.0, кој ни нуди уште поудобни функции. Целта на дизајнерите на EMUI беше – новата верзија да ја забрза и олесни употребата. Повеќето услуги се достапни со најмногу три чекори, а најзначајните се директно достапни. Во EMUI ќе најдеме и оригинални идеи на Huawei. Една од најинтересните и истовремено корисни е Knuckle Sense технологијата. Кога ја цртаме правилната буква со зглобот од прстот по екранот, може да направиме скриншот, видео запис или да стартуваме апликација. Лесен и брз начин да работиме со телефонот кој нема да го откриеме кај смартфоните на конкурентите.
Веќе не треба да избираме само една од желбите – P10 lite ни дава супер моќ, совршен и модерен дизајн, камера, која е споредлива со скапи DSLR-и, а сето тоа – по супер цена!Фотографијата е уметност, создадена да ја замрзне сликата која ги импресионира нашите очи. Без разлика дали станува збор за убавината на
Пронајдете не на следниве мрежи: