КРЕМ ТОРТА: Колку е добро ОВА, едноставно мора да пробате!

КРЕМ ТОРТА: Колку е добро ОВА, едноставно мора да пробате!Состојки:
Кори
10 белки
10 лажици шеќер
200 гр мелени ореви
2 лажици мелен кекс
Крем:
1 л млеко
10 жолчки
100 гр шеќер
3 вреќички пудинг од ванила
3 лажици брашно (или густин)
150 гр путер (или маргарин)
200 гр бело чоколадо
200 гр млечно чоколадо
Малку ванила
700 мл слатка павлака
Подготовка:

 
Кора
Изматете ги белките во цврста маса, постепено додавајте шеќер, исклучете го миксерот и лесно додавајте ги мелените ореви и кексот, соединете ја смесата. Смесата распоредете ја во голем плех од вашата рерна кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени некои 15 минути или додека кората лесно не се одвои од страниците на плехот. Кората изладете ја и пресечете ја да добиете 2 кори.
За кремот изматете ги жолчките со шеќерот, додадете малку млеко, пудинг и брашно. Изматете смеса без грутки. Додадете го останатото млеко. Лесно варете додека смесата не се згусне (со постојано мешање). Тргнете од оган и смесата поделете ја на 2 дела.
Во еден дел додадете 200 гр изрендано бело чоколадо, а во другиот дел 200 гр искршено млечно црно чоколадо, се добро измешајте да се стопи чоколадото. Па во секој дел додадете по 75 грама путер. Соединете.
Кремот сосема изладете го. Во изладениот крем додадете по 40 гр шлаг од слатка павлака (изматете ја слатката павлака во шлаг и одвојте по 40 гр за секој фил)
Тортата може да ја филувате по желба. На пример: кора, жолт крем, кора, темен крем, крем од слатка павлака, или како и да сакате по друг редослед.
Совет:
Корите се многу сочни, па пренесете ги со помош на хартијата на која се печеле.  
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
Кори
10 белки
10 лажици шеќер
200 гр мелени ореви
2 лажици меле

Пронајдете не на следниве мрежи: